Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје од среда ќе започне со исплата на мајските пензии

Објавено

на

Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека мајските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што  ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со мајските пензии клиентите ќе можат да располагаат од 27.05.2020 година (среда), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

До 11.000 денари на 27.05.2020 година (среда)
11.001-14.000 денари на 28.05.2020 година (четврток)
14.001-18.000 денари на 29.05.2020 година (петок)
Над 18.001 денари на 01.06.2020 година (понеделник)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Стопанска банка АД – Скопје апелира овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, Стопанска банка АД – Скопје апелира за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и препорачуваме носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.

Домашни банки

Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?

Објавено

на

Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат… (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека изврши дополнување и ажурирање на Општите услови за користење на трансакциска сметка со 18.10.2021 година.

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со фантастична вест за акционерите – ќе ја подели и заостанатата дивиденда!?

Објавено

на

Изминатата пандемиска 2020 година, НЛБ Банка ги следеше инструкциите на Народната банка којашто советуваше банките да не исплаќаат дивиденда, па така Банката се воздржа и на своите акционери не им ја исплати заслужената награда. (more…)

Продолжи со читање



Популарно