Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје од денес (3.2.2022 година) започнува со исплата на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека на 3.2.2022 (четврток) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

Готовинска исплата во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 3-ти февруари (четврток) и 5-ти февруари (петок) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

  • 3.2.2022 (четврток) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
  • 4.2.2022 (петок) исплата за М, Н, Њ, О, ПР, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, од банката апелираат да ги следат следните препораки:

  • Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред;
  • Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно