Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од денес започнува со исплата на јулските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека јулските пензии од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со јулските пензии клиентите ќе можат да располагаат од 28.07.2020 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
До 11.000 денари на 28.07.2020 (вторник)
11.001-14.000 денари на 29.07.2020 (среда)
14.001-18.000 денари на 30.07.2020 (четврток)
Над 18.001 денари на 31.07.2020 (петок)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, од Стопанска банка АД – Скопје апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и од банката препорачуваат носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2 метри.
Домашни банки
НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година


Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка ќе исплати дивиденда во висина од 10,2 милиони евра


На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 12.05.2022 година беше усвоена Одлуката за распределба на дивиденда за 2021 година и утврдување на дивиденден календар. (more…)
Домашни банки
Комерцијална банка и ЕБРД со нова кредитна линија: 2 милиони евра за поттикнување на малите бизниси


Со нова кредитна линија од 2 милиони евра Комерцијална банка ќе ги поддржи малите и средните претпријатија за поттикнување на нивните бизниси во пост-ковид периодот. Кредитната линија е обезбедена од Европската банка за обнова и развој, а е дел од новата Програма на ЕБОР за поддршка на малите и средните фирми со цел опоравување на малите бизниси по забавениот раст предизвикан од пандемијата. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје