Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје од денес започна со предвремена исплата на септемвриските пензии


Имајќи ги во превид препораките и мерките за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец октомври од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец октомври, клиентите можат да располагаат од денес (26.10.2021 – вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26. 10. 2021 (вторник);
- 11.001-14.000 денари на 27. 10. 2021 (среда);
- 14.001-18.000 денари на 28. 10. 2021 (четврток);
- Над 18.001 денари на 29. 10. 2021 (петок).
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на пензија да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за оваа пензија туку и за пензиите кои следуваат додека траат мерките за заштита.
Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и задолжително е носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
Домашни банки
Министерството за економија го прогласи ХалкЕко проектот на Халкбанк за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“


Проектот ХалкЕко на Халкбанк АД Скопје со кој се поттикнуваат здрави животни навики и грижа за природата, но и се зголемува шумскиот фонд и се реализираат други активности во насока на заштита на животната средина, од страна на Министерството за економија е прогласен за најдобар општествено одговорен проект во категоријата „однос со животната средина“. (more…)
Домашни банки
НЛБ Банка доби национална награда за општествена одговорност и признание за најинвентивна практика за проектот „НЛБ Рамка за помош“


За проектот „НЛБ Рамка за помош“, НЛБ Банка Скопје ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во категоријата „Вложување во заедницата“ кај големи претпријатија за 2021 година и признание за најинвентивна практика. „НЛБ Рамка за помош“ е програма иницирана и поддржана од НЛБ Групацијата која се спроведе на сите пазари во регионот на кои е присутна Групацијата и претставува уникатен проект за поддршка на микро и малите претпријатија во Ковид кризата. Проектот започна во првата пандемска година, 2020, а истиот продолжи и во 2021 година. (more…)
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје