Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД Скопје објавува оглас за продажба на имот

Објавено

на

Стопанска банка АД  Скопје објавува оглас за продажба на:

Деловен објект (населба Капиштец, спроти Трговскиот Центар „Зебра”) на ул.Васил Ѓоргов 11, Скопје, лоциран на КП 536/1 за КО Центар 2 со вкупна површина од 4091м2 согласно Имотен лист бр.58830, како и земјиште под и околу објект со поврпина од 2856м2.

Продажбата на недвижниот имот ќе се изврши по пат на лицитација, со прибирање на затворени писмени понуди за минимална почетна цена од 2.430.000 ЕУР.

Во купопродажната цена за недвижниот имот не е вклучен ДДВ од 18%, кој паѓа на товар на купувачот.

Данокот на промет на недвижности и трошоците околу преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на купувачот.

Сите заинтересирани правни или физички лица за учество на лицитацијата, треба да достават две поединечно затворени пликоа, од кои што едното плико (помалото) треба да биде затворено во другото плико (поголемото) при што:
Поголемото плико треба читко да биде адресирано до Стопанска Банка АД Скопје – Служба за управување со имот и да стои ПОНУДА за купување на недвижноста и референтниот број на огласот од насловот. Внатре во големото плико да се наведе:

– Името и адресата на понудувачот и контакт телефон,
– Документ за идентификација на понудувачот (доколку понудувачот е физичко лице – фотокопија од важечка лична карта или пасош, доколку понудувачот е правно лице – фотокопија од Тековна состојба од Централен регистар на РМ не постара од 6 месеци),
– Потврда за уплатен депозит за учество на лицитација.

На помалото плико да биде напишано “ПОНУДА-НЕ ОТВОРАЈ”, а внатре да се наведе:
– цената која се нуди за купување на недвижноста;
– ДДВ од 18%;
– согласност за плаќање на данокот на промет на недвижности и трошоци за пренос на право на сопственост.

Заинтересираните купувачи при поднесување на понудата треба да уплатат депозит за учество на лицитација износ од 2% од минималната/почетна цена за имотот на жиро-сметка на Банката 200000000099029 – МКД113660111.
Уплатениот депозит на понудувачот чија понуда ќе биде избрана како најдобра, се смета како дел од уплатата на купопродажната цена.

Во случај избраниот купувач да се откаже од намерата за купување на недвижниот имот откога ќе биде информиран дека неговата понуда е прифатена, уплатениот депозит ќе биде задржан од страна на СБ.

Плаќањето на купопродажната цена на недвижниот имот се врши во денарска противвредност на ЕУР, пресметана според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

Рокот за доставување на понудите е до 10.04.2018 година.

Дополнителни информации на телефон: 02/3295-280 и 02/3295-283

Домашни банки

НЛБ Потрошувачки кредити – Баш како што сакаш!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови потрошувачки кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД-Скопје врши промена за водење сметки на пензионери

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје ги известува своите клиенти дека, почнувајќи од 01.04.2019 ќе изврши промена на надоместокот за месечно водење на трансакциски и штедни сметки на пензионери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Станбени кредити – Твој дом, твој избор!

Објавено

на

НЛБ Банка во периодот од 11.03.2019 до 31.05.2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда, Банката меѓу другото, нуди нови станбени кредити со пониски каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange