Connect with us

Останато

Преку Стопанска – Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халкбанк ќе се обештетат депонентите на Еуростандард банка

Објавено

на

Преку Стопанска АД Скопје, Комерцијална, НЛБ и Халкбанк ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка АД Скопје, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата е да се избегнат масовни собири.

„Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка – исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити. Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да почне што поскоро”, наведува Фонд за осигурување депозити.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно