Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје и оваа година застанува на страна на културата и на страна на традицијата!

Стопанска банка АД – Скопје и оваа година застанува на страна на културата и на страна на традицијата преку покровителството на НУ Охридско лето и на манифестацијата „Галичка свадба“.
Преку постојаната поддршка за проекти и настани од огромно значење за нашата култура, Стопанска банка АД – Скопје ја демонстрира својата заложба и грижа за заедницата и нејзините традиции и вредности.
Охридско лето оваа година го има своето 61 издание и во периодот од 12 јули до 12 август ќе донесе голем број концерти, претстави и перформанси. Повеќе за програмата и билетите дознајте на веб страницата на НУ Охридско лето.
Галичка свадба оваа година се одржува од 17 – 18 јули во полн сјај, со сите традиционални обичаи. Катерина и Филип се младиот брачен пар кој оваа година ја има честа да бидат домаќини на настанот. Стопанска банка АД – Скопје им посакува среќа, слога и љубов и секако успешна реализација на традиционалната Галичка свадба. Повеќе информации за настаните и програмата во Галичник дознајте на Facebook страницата на Месната Заедница Галичник.
Стопанска банка АД – Скопје продолжува да гради, создава, поддржува и остварува, но притоа не заборава на јавното здравје. Оттука, Стопанска банка АД – Скопје апелира е до сите учесници и посетители на културните настани да ги применуваат мерките за заштита и да се грижат за себе и за своите најблиски.
Домашни банки
Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)
Домашни банки
Доделен автомобилот TESLA на среќниот добитник во наградната игра на Стопанска банка АД – Скопје

Најсреќниот добитник во големата наградна игра на Стопанска банка, Ацо Савиќ, вчера (23 ноември) пред просториите на Банката во центарот на Скопје ги доби клучевите од новиот автомобил TESLA model 3. Автомобилот е главната награда од наградната игра на Стопанска банка со Mastercard платежните картички „Најбрзо до Тесла возило со СБ”, која траеше од 1 јули до 31 октомври. (more…)
Домашни банки
ЕБОР одобри 9 милиони ЕУР кредит на ПроКредит Банка во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од 9 милиони ЕУР одобрен за ПроКредит Банка. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство