Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје и Град Скопје ги промовираа станиците за поправка на велосипеди

Објавено

на

Град Скопје и Стопанска банка АД – Скопје денеска ги промовираа 5-те станици за поправка на велосипеди кои ќе им овозможат на велосипедистите до колку имаат потреба да извршат мали интервенции на своите велосипеди. 

“Намалувањето на сообраќајниот метеж, а со тоа и намалувањето на загадувањето на воздухот, се предизвици со кои се соочуваат сите големи градови во светот. Од овие причини Град Скопје посветува големо внимание на активностите кои придонесуваат за постигнување на одржлива урбана мобилност во сообраќајот. Во таа насока сакам да се заблагодарам за поддршката од Стопанска банка АД – Скопје кои со својата донација на 5 станици за поправка на велосипеди преку проектот „Вози право, вози здраво“ директно придонесуваат за развојот на велосипедската култура во градот” – изјави Ваљон Салиху, портпарол на Град Скопје. 

“#ВозиПравоВозиЗдраво прерасна во синоним за заедничките напори на граѓаните на Скопје и во развојот на велосипедската култура. Чест ни е што во соработка со Град Скопје денес можеме да ги презентираме 5-те станици за поправка на велосипеди кои се дел од донациите на Банката со кои се заблагодарува за поддршката и учеството на граѓаните на ревијалните трки изминатите 4 години. Станиците се опремени со рачна пумпа за гуми, 6 специфични алати кои се стандардни за ситни поправки на велосипедите и кои веруваме лесно и брзо ќе бидат научени од сите заинтересирани. Првата пробна станица беше поставена пред повеќе од 1 година и е во одлична форма. Локациите на станиците ќе бидат објавени, а за првите корисници на станиците кои на социјалните мрежи ќе споделат фотографија со #ВозиПравоВозиЗдраво, Банката ќе обезбеди симболични подароци” – изјави Ратка Тирицовска, Директор на Дирекцијата за маркетиг и односи со јавност во Стопанска банка.

Локациите на сервисните станици се внимателно одбрани за да бидат на места каде што има поголема фреквенција на велосипедски сообраќај и на позиции каде што веќе постои 24 часовен видео надзор, со цел да се заштитат станиците од намерно предизвикани штети.

Сервисните станици за велосипеди се поставени на овие 5 локации:

  1. БС Mакпетрол бул. Партизански одреди (кај раскрсницата со бул. 8-ми септември),
  2. БС Макпетрол кај транспортниот центар,
  3. БС Макпетрол на излезот на Скопје кај Автокоманда,
  4. БС Окта на бул. Србија и
  5. пред Инфо центарот на Град Скопје во Градскиот парк.

Град Скопје посветено работи на директно поттикнување на граѓаните да ги користат велосипедите како алтернативно превозно средство во густо населените урбани средини, затоа што тоа ќе им заштеди време и пари при транспортот од една до друга локација и ќе да придонесат  за намалување на загадувањето на воздухот.

Во таа насока досега се поставени  над 1.800 столпчиња, обезбедени се 2.700 метри простор за слободно движење на пешаците и велосипедистите. Годинава се исплатени субвенциите  за набавка на велосипеди на 3.131 граѓани, а во рамките на редовните активности на Градот се вршат  реконструкции и  се одржуваат постојните, но и се градат  нови велосипедски патеки.

Познато е дека користењето на велосипедите освен што не го загадува воздухот, позитивно влијае и на здравјето на велосипедистите. Затоа Градот Скопје заедно со Стопанска банка АД – Скопје ги повикува граѓаните почесто да ги употребуваат своите велосипеди и на тој начин да развиваат здрави навики грижејќи се истовремено и за чистиот воздух и здравата животна средина.

Домашни банки

ОТП банка не е соодветен купувач на Охридска банка!

Објавено

на

Преземањето на Охридска банка Сосиете Женерал, како и воопшто продажбата на подружниците на Сосиете Женерал во регионот е топ тема во банкарските кругови изминатиот период.

Иако претходно најавивме дека ОТП Банка бара соодветен модел за преземање на Охридска банка, сепак до таква трансакција нема да дојде. Неофицијално се коментира дека високи функционери во оваа унгарска банка биле вмешани во афери со перење на пари, што за НБРМ ги прави неповолен инвеститор за во Македонија. Официјалната причина сепак е дека рејтингот на ОТП група не е соодветен за преземање на подружница која припаѓа на Сосиете Женерал, која е мошне моќна групација.

Претходно, НБРМ обелодени дека дозвола за купување на Охридска банка ќе биде дадена само на купувач кој е на ист или повисок ранг од Сосиете Женарал. 

Дека Сосиете Женерал си заминува од балканот, а Охридска банка си заминува од Македонија е повеќе од јасно. Периодот што следи останува да се види која групација ќе биде официјалниот купувач.

Следува повеќе…

Продолжи со читање

Домашни банки

БАНКИТЕ ГО ПРОМЕНИЈА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА, НАСКОРО ДОКУМЕНТИ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Објавено

на

Меѓуресорска работна група за извршување на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните излезе со соопштение од одржан работен состанок.

На првиот состанок беа донесени следните одлуки во врска со потребните мерки и активности за извршување на обврските на Република Северна Македонија по влегувањето во сила на Конечната спогодба и Уставните амандмани и Уставен закон на 11 јануари 2019, денес на 12 февруари 2019, со индикативни временски рокови за нивна реализација:

  1. Царинската управа да стави налепници на таблите на граничните премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република Северна Македонија, во рок од 3 дена;
  2. Секторот за односи со јавност при Владата на Република Северна Македонија во рок од 7 дена да изработи Книга на графички стандарди со која ќе утврди стандарди за визуелен приказ на уставното име Република Северна Македонија во склоп со државниот грб како лого кое го користат државните институции за јавните табли на влезот од сите институции.
  3. Генералниот секретаријат во рок од 7 дена да изготви софтвер кој ќе ги содржи сите институции од државно и локално ниво, како и димензиите на јавните табли. Промената на сите табли, на централно и локално ниво, да се заврши во рок од 4 месеци.
  4. Сите институции да извршат промена на сите дигитални записи (логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб страни, медиуми итн.) во рок од 3 дена.
  5. Сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во рок од 2 недели.  
  6. Министерството за надворешни работи, да ги замени таблите во министерството како и печатите и штембилите во министерството во рок од 2 недели, а во дипломатско-конзуларните претставништва во рок од 3 недели.
  7. Министерството за внатрешни работи да започне со издавање на нови регистерски таблички, во рок од 4 месеци. Во меѓувреме, како преодно решение, МВР ќе обезбеди налепници со ознака „NMK” за регистарските таблички на возилата.
  8. Министерството за внатрешни работи да ги преземе потребните мерки и активности за спроведување на решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање на нови патни исправи. Издавањето на нови пасоши да започне од крајот на 2019г. Во преодниот период, Министерството за внатрешни работи при излез од или влез во Република Северна Македонија, во постојните и новоиздадените во преодниот период патни исправи ќе биде ставен печат кој ќе појасни дека патните исправи припаѓаат на Република Северна Македонија.
  9. Народната банка, со оглед на комплексноста на постапката, да направи анализа и план на неопходните активности за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, во рамките на редовните нови емисии, водејќи сметка за макроекономската стабилност; првите нови банкноти со новото име на Народната банка би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 г. и потоа, сукцесивно, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отворањето на релевантното ЕУ поглавје.
  10. Сообраќајните знаци на меѓународните патни правци во земјата, давајќи предност на ендонимите (во англиска транскрипција) врз егзонимите (на македонски јазик во кирилско писмо) да се променат во рок од 2 месеци.
  11. Во рок од 6 месеци да се направи преглед и ревизија на статусот на спомениците, јавните згради и инфраструктура и доколку се однесува на античката хеленска историја и цивилизација како дел од историското наследство на Грција, да се преземат соодветни корективни мерки и активности.
  12. Во рок од 6 месеци, да се пристапи кон отстранување на симболот истакнат на поранешното национално знаме од целиот јавен простор и јавна употреба. Археолошките артефакти се изземени.

Согласно донесените Одлуки, банките во предвидените рокови ќе бидат обврзани називот од Република Македонија да го променат во Република Северна Македонија.

На англиски јазик, називот ќе гласи Republic of North Macedonia.

Промените ќе се имплементираат во Договори, Анекси, Дописи, веб страните, email комуникацијата и сите други документи каде се јавува името на државата.

Продолжи со читање

Домашни банки

TТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги намали каматните стапки на денарските и девизните депозити на физички лица што се должи на намалувањето на каматните стапки на благајничките и државните записи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange