Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје издаде 100.000 платежни картички од проектот „Купувам Домашно“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје заклучно со 18.07.2020 година издаде 100.000 платежни картички од проектот и процесот на издавање продолжува и понатаму.

Клиентите кои го пропуштиле својот термин можат да се обратат во секој следен работен ден во посочената филијала.

Клиентите кои се уште немаат термин (од последната група решени приговори) најдоцна до среда ќе добијат термин и локација за подигнување на картичките.

Од Стопанска банка АД – Скопје напоменуваат дека средствата на картичките треба да се искористат најдоцна до 15 август 2020 година.

Работното време на филијалите на Банката е од 8:30 до 16 часот од понеделник до петок за сите трансакции на клиентите и за издавање на картичките.

Исклучок се филијалите Тетово Нова и Куманово.

– Тетово Нова продолжува да работи исклучиво за издавање на картички од 8:30 до 19 часот.
– Филијалата Куманово за издавање на картичките работи само од 14:30 до 19 часот.

За дополнителни информации за картичките и за работното време на филијалите на Стопанска банка АД – Скопје обратете се во 24/7 Контакт центар на (02)3100 109 или користете ја веб страницата на Банката.

Домашни банки

НЛБ Банка овозможува тргување со акции без провизија на денешниот „Инвеститорскиот ден“ на Македонска берза

Објавено

на

По повод одбележувањето на 25 години од основачкото собрание на Македонска берза АД Скопје, Берзата денес одржува т.н. „Инвеститорски ден“. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Капитал Банка: Одложување на обврски по кредити за физички лица

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници на кредитни продукти – физички лица дека периодот за пролонгација на обврските по кредитите завршува заклучно 30.09.2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ги затвора шалтерот и банкоматот лоцирани во ТЦ Палма мол Тетово

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека услугите на шалтерот и банкоматот на Банката лоцирани во ТЦ Палма мол, Тетово на ул. „Скопски пат” бр. 8 ќе може да ги користат заклучно со 18.9.2020 година (петок). (more…)

Продолжи со читање

Популарно