Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје изврши измена и дополнување во тарифите за надоместоци за физички лица


Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти дека воведува нови и врши измена на некои од постојните надоместоци во тарифата за физички лица, при што ги утврдува следните надоместоци:
– Надоместок за подигнување на готовина од сметките во МКД од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје, во висина од 30 денари, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022 година.
– Надоместок за подигнување на готовина од девизни сметки од шалтерите на Стопанска банка АД – Скопје, во висина од 30 денари во соодветната противвредност, по трансакција, без оглед на висината на подигнатиот износ – во примена од 05.01.2022 годи а.
– Надоместок за водење на девизни сметки со активност во месецот, во висина од 30 денари месечно во соодветната противвредност, при што активна сметка е онаа сметка на која се евидентирани клиентски иницирани кредитни и дебитни трансакции извршени во текот на календарскиот месец – во примена од февруари 2022 година.
За детален увид во актуелните надоместоци обратете се во Филијалите на Банката, во 24/7 Контакт Центарот на (02)3100-109 или на официјалната тарифа објавена на веб страницата.
Секој клиент на Банката, го задржува своето право и можност да го уреди, измени или прекине деловниот однос со Банката со доставување на писмено барање во Филијалите на Банката, во спротивно ќе се смета дека трошокот е прифатен и дека Банката има право да го наплатува истиот.
Домашни банки
Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип


Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија. (more…)
Домашни банки
Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка со нов Унит Линк производ


Триглав Осигурување Живот, во соработка со НЛБ Банка, го збогати своето портфолио на продукти и понуди нов, атрактивен Унит Линк производ, кој покрај балансирана распределба и инвестирање на средства во удели на инвестициски фондови, нуди и животно осигурување со штедење. (more…)
Домашни банки
Почна пријавувањето за настанот на тркала „Вози право, вози здраво“


Најмасовниот и најзабавниот настан „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка АД-Скопје повторно се враќа на скопските улиците. На 5 јуни (недела) градот по шести пат ќе биде преплавен со велосипеди, тротинети, ролери, скејтборди и бебешки колички кои ќе возат по улиците ослободени од автомобили, а луѓе од сите возрасти ќе се забавуваат и ќе дадат свој придонес за почиста животна средина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје