Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје засади 36 високи садници во Градскиот парк, како најава за новиот pumptrack велосипедски полигон

Објавено

на

Како дел од активностите поврзани со кампањата за поголема велосипедска култура #ВозиПравоВозиЗдраво, Стопанска банка АД – Скопје донира изградба на нов pumptrack велосипедски полигон во Градскиот парк во Скопје на површина од 2.850м2.

Додека патеката е во изработка, а поради временските услови градежните работи привремено мируваат, Банката во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило засади 36 високи садници – елки кои претходно украсуваа дел од скопските филијали на Банката за Новогодишните празници. Со тоа, покрај грижата за добар изглед на новиот pumptrack полигон, Стопанска банка АД – Скопје придонесува кон трајно зазеленување на површини во Скопје. Овој симпатичен проект ќе се повтори и следните години во Скопје, но и во градовите низ Републиката каде што Банката е присутна.

#ТОПСИ Полигонот и просторот околу ќе бидат хортикултурно уредени со што Градот ќе добие ново катче погодно и за рекреација и за семејна забава на отворено. Ваквите содржини ги збогатуваат опциите на жителите да поминуваат повеќе време на отворено, настрана од булеварите и градскиот метеж. Секако, полигонот е можност помладите велосипедисти да научат подобро и повешто да го користат велосипедот на безбедна, заградена површина а притоа помагаме да се подигнува свеста дека велосипедот покрај за рекреација може и треба се повеќе да се користи како превозно средство.

Комплетирањето на проектот и негова промоција се планирани за првите потопли недели во годината.

Домашни банки

ТТК Банка со известување за експозитура Скопје Ѓорче Петров

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека услугите на експозитуратa на Банката на бул. „Партизански одреди” бр. 171а  во општина Ѓорче Петров, Скопје ќе можат да ги користат заклучно со 31.1.2020 година (петок). Услугите преку банкоматот (исплата на средства, проверка на состојба на сметка, промена на ПИН итн.) и понатаму ќе бидат достапни на истата локација. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Известување за нова локација на банкоматот на ТТК Банка во градот Пробиштип

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека од 23.1.2020 година, банкоматот на банката во градот Пробиштип е поставен на нова локација во рамки на хотелот „Сан Нико“ на ул.„Јордан Стојанов“ бр. 2, Пробиштип. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова услуга од Комерцијална банка – Уплата на дневен промет во готово на банкомат

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои вршат уплата на дневен промет во готово. Од 01.01.2020 година сите правни лица кои поседуваат Visa Business Debit дебитна картичка може да извршат уплата на готовина на банкомат по основ на дневен промет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно