Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со предвремена исплата на пензиите за месец септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец септември од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец септември, клиентите ќе можат да располагаат од 29.09.2022 (четврток), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  • До 11.000 денари на 29.09.2022 (четврток)
  • 11.001-14.000 денари на 30.09.2022 (петок)
  • 14.001-18.000 денари на 03.10.2022 (понеделник)
  • Над 18.001 денари на 04.10.2022 (вторник)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

За влез во филијалите од Стопанска банка АД – Скопје препорачуваат носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.

Домашни банки

НЛБ Банка прогласена за „Банка на годината за 2022“ од The Banker

Објавено

на

Реномираниот интернационален финансиски магазин, The Banker, по единаесетти пат ја прогласи НЛБ Банка за „Банка на годината за 2022“. Со ова признание НЛБ Банка уште еднаш ја потврди својата позиција на најнаградувана банка во РС Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова докапитализација на ПроКредит Банка во вредност од 13 милиони евра

Објавено

на

Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со Црвен крст на Град Скопје организираше успешна крводарителска акција

Објавено

на

Во соработка со Црвен крст на Град Скопје на 28.11.2022 во просториите на административната зграда на Стопанска банка АД – Скопје организирана беше крводарителска акција на која учество зедоа 65 вработени од Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно