Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на парична помош од социјална и детска заштита

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека на 1.11.2021 година се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата им се веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

Готовинска исплата  во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 1-ви ноември (понеделник) и 2-ри ноември (вторник) 2021 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

  • 1. 11. 2021 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
  • 2. 11. 2021 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, ПР, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.

Банката повторно апелира до сите клиенти корисници на средствата за социјална заштита да пристапат кон активно користење на дебитните картички и банкоматите со цел намалување на нивната потреба од користење на филијалите не само за овие приливи туку и за приливите кои следуваат додека траат мерките за заштита.

Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

Клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Стопанска банка АД – Скопје, потребно е да ги следат следните препораки:

•    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
•    Да се почитуваат сите превентивни мерки во насока на заштита на јавното здравје (задолжително користење на маски или марами) и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно