Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на февруарските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионеридека пензиите за месец февруари од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец февруари, клиентите веќе можат да располагаат од денес (25.02.2021), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 25.02.2021 (четврток)
- 11.001-14.000 денари на 26.02.2021 (петок)
- 14.001-18.000 денари на 01.03.2021 (понеделник)
- Над 18.001 денари на 02.03.2021 (вторник)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и од Стопанска банка АД – Скопје препорачуваат носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
Домашни банки
Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка од 6,05 милиони денари во првите три месеци од 2021 година


Стопанска банка а.д. Битола и во првиот квартал од 2021 година го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати. Иако повеќе од една година Банката се справува со предизвиците наметнати од пандемијата со ковид-19, и понатаму го задржа фокусот кон остварување на клучните стратешки цели, дејствувајќи во насока на наплата на дел од нефункционалните побарувања, а истовремено продолжувајќи со кредитна поддршка на правните субјекти и на домаќинствата, притоа максимално залагајќи се за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедност на вработените на работните места. (more…)
Домашни банки
УНИБанка „Супер потрошувачки кредит“ и камата од 4,25% – фиксна за првите 2 години


Супер потрошувачкиот кредит од УНИБанка АД Скопје со атрактивна каматна стапка од само 4,25% фиксна за првите 2 години и 6,25 % фиксна за останатиот период вклучува и дополнителна сигурност за клиентите – Полиса за ризико осигурување од Кроација Осигурување. (more…)
Домашни банки
ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк


ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во секојдневното работење се стреми да придонесе за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залага и вложува во сопствената еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите