Домашни банки
Стопанска банка АД – Скопје започна со исплата на ноемвриските пензии


Имајќи ги во превид препораките и засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19, Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец ноември од фондот на ПИОМ се предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец ноември, клиентите корисници на дебитни картички ќе можат да располагаат од денес 26.11.2020 (четврток), преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите отворени филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 26.11.2020 (четврток)
- 11.001-14.000 денари на 27.11.2020 (петок)
- 14.001-18.000 денари на 30.11.2020 (понеделник)
- Над 18.001 денари на 01.12.2020 (вторник)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од банката апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.
Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Во филијалите влезот е ограничен на одреден број на клиенти и од Стопанска банка АД – Скопје препорачуваат носење на маска/марама и сл., додека пред влезот препорачано е клиентите да се држат на растојание од 2м.
Домашни банки
Јованка Јолеска Поповска реизбрана за Генерален директор на ПроКредит Банка АД Скопје
Домашни банки
Развојна банка: Инструкции за плаќање на обврски по основ на бескаматен кредит “Ковид 1”


Развојна банка на Северна Македонија преку соопштение ги извести корисниците на бескаматен кредит од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), “Ковид 1” дека инструкциите за плаќање се достапни на веб страницата на банката. (more…)
Домашни банки
УНИБанка ќе изврши исплата на полугодишна камата од 9% на имателите на Перпетуални обврзници


Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 22.01.2021 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO, објави банката преку соопштение до Македонската берза. (more…)
- Домашни банкипред 2 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 1 month
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Анализипред 1 month
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Анализипред 2 months
Кои се најплатените професии во земјава?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје