Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје започна да исплаќа обесштетување на дел од депонентите од Еуростандард банка

Објавено

на

Во согласност со Договорот склучен помеѓу Стопанска банка АД – Скопје и Фондот за осигурување на депозити, Стопанска банка е една од 4-те банките преку кои се врши обесштетување за дел од депонентите од Еуростандард банка.

Процесот на обештетување ќе се спроведува во сите филијали на Стопанска банка во договорениот период од три години, почнувајќи од 15.9.2020 година.

Стопанска банка АД – Скопје започна да врши обесштетување за сите депоненти: физички лица и самостојни вршители на дејност чие презиме/чиј назив започнува со буквите: М, Н, Њ, О, П, Р.

Фондот за осигурување на депозити, во согласност со одредбите од законот, во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра, во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, во кој се вклучени износот на главница и каматата на сите депозити на едно лице депонент во Еуростандард Банка, на денот на настанување на ризичниот настан – 12. 8. 2020 година.

Податокот за износот на обесштетување по депонент е добиен од ФОД и во случај на евентуални реакции за истиот, Стопанска банка не одговара ниту пак има можност да врши дополнителни проверки и корекции. Во таков случај клиентот се упатува за понатамошна постапка во ФОД.

Резидентите – физички лица задолжително ќе се идентификуваат преку валиден ЕМБГ на депонентот со презентирање на документ за идентификација (лична карта, пасош).

Нерезидентите – физички лица се идентификуваат преку вештачки матичен број под кој нерезидентот се водел во „Еуростандард Банка” АД Скопје и презентираат важечки документ за идентификација (пасош).

Обесштетувањето на самостојните вршители на дејност со личен труд кои биле регистрирани како ТП (трговци поединци) или Адвокати, Нотари Извршител и сл. ќе се врши според првата буква од регистрираниот назив за сите оние за кои називот започнува со буквите: М, Н, Њ, О, П, Р. Истите при обесштетување покрај документ за идентификација на овластеното лице за застапување (лична карта, пасош), потребно е да приложат  доказ за регистрација на стопанската дејност (тековна состојба од Централен Регистар не постара од 3 месеци).

Доколку депонентот има назначено законски застапник/старател/полномошник, Банката ќе врши исплата на обесштетувањето само на депонентот/законскиот застапник/старателот/полномошникот наведен во Потврдата, врз основа на Полномошно заверено од нотар во случај на спреченост депонентот лично да го оствари своето право. За регистрација/ажурирање, отворање на трансакциска сметка во отсуство на сопственикот и понатамошно располагање со средства од трансакциската сметка од страна на ополномоштеното лице задолжително се презентира Полномошно заверено на нотар.

Доколку износот на обесштетувањето е еднаков или помал од 5.000,00 денари Банката исплатувач може да изврши обештетување на лицето (депонент/законски застапник/старател/полномошник) наведен во Потврдата за сопственост на депозит.

Доколку при идентификација на депонентот се утврди несовпаѓање на личните податоци на депонентот (име/презиме, матичен број) со податоците од Списокот на депоненти и Потврдата за сопственост, Стопанска банка нема да изврши обештетување и ќе го упати депонентот да ги ажурира своите лични податоци во Фондот.

Обесштетувањето задолжително се врши во денари, на денарска трансакциска сметка на депонентот во Стопанска банка која доколку клиентот ја нема ќе биде отворена при посета на филијала, а во согласност законската регулатива. Клиентите можат да одлучат да отворат депозитен производ по сопствен избор, во согласност со актуелната понуда на депозитни производи кои Стопанска банка АД – Скопје ги нуди.

Детални информации за обештетувањето, корисниците може да добијат на (02)3100 109 во 24/7 контакт центарот на Банката или во некоја од филијалите.

Домашни банки

Генералниот директор на Стопанска банка а.д. Битола, Владимир Евтимоски го зголеми својот удел во банката

Објавено

на

Преку соопштение објавено на Македонска берза, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека претседателот на Управниот одбор на банката, г-дин Владимир Ефтимоски се стекна со 77 обични акции издадени од Стопанска банка а.д. Битола. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Измени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Стопанска банка а.д. Битола – препознатлива по поддршката на бројни спортски настани

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола е веќе препознатлива по значајната поддршка која ја дава за развивање и одржување на спортската култура и спорскиот дух во земјава. Покрај тоа што е единствената банка која е спонзор на Wizz Air Скопскиот маратон 2020 и Женската трка, оваа година банката стана дел и од најважниот и најголем спортски настан во градот Битола – трката ТРЧАЈ БЕ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно