Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка од „Еуромани“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е прогласена за најдобра банка во земјава на престижните награди Euromoney Awards for Excellence, 2022. Прогласување на најдобрите банки се одржа на гала вечера во Лондoн каде што на претставниците на Стопанска банка им беше врачено признанието кое е едно од најзначајните во светската банкарска индустрија.

Наградата секоја година ја доделува реномираниот британски магазин „Еуромани“ кој ја оценува работата на банките и финансиските институции во светот според различни критериуми, како што се остварените резултати во работењето, позицијата на пазарот, иновациите и воведените нови услуги, системот на управување и односот на вработените. Стопанска банка е добитник на наградата за најдобра банка според прикажаните врвни резултати во секоја област на работењето за оценуваниот период од април 2021 година до март 2022.

Според „Еурoмани“, Стопанска банка постигнала најдобри финансиски резултати во силната конкуренција на домашниот банкарски сектор. И покрај континуираните инвестиции на банката во дигиталното банкарство, таа успева да ги ограничи трошоците и да постигне балансиран раст. Во своето образложение, „Еуромани“ истакнува дека со Диомидис Николетопулос како генерален извршен директор, Стопанска банка акумулирала доволно капитал и ликвидност и може да се пофали со највисок пазарен удел во кредитирањето, особено следејќи го интензивниот пораст во корпоративниот сегмент изминатите години.

Свечената статуетка за најдобра банка во име на Стопанска банка ја примија Илиас Пападопулос, Сениор директор за управување со кредитен ризик и Дејан Крстевски, Директор на секторот за мали компании, кои беа дел од свечениот настан во Лондон.

„Тоа што Стопанска банка е годинашен добитник на престижната награда Euromoney Awards for Excellence претставува потврда за нашата континуирана работа, надградба и посветеност кон нашите клиенти, нашите вработени и кон заедницата, дури и во услови на предизвиците кои ги донесе пандемијата. Исклучително сме горди на целиот наш тим кој со своето посветено залагање континуирано придонесува за позитивните резултати на Банката, но и бескрајно сме им благодарни на нашите клиенти за долгогодишната доверба. Покрај тоа што ни претставува гордост, оваа награда за нас е и заложба да продолжиме заедно кон уште поголеми успеси” – вели Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Домашни банки

Комерцијална банка меѓу најдобрите иноватори во светот – Прогласена од Global Finance за Врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

Објавено

на

Комерцијална банка влезе во друштвото на врвните финансиски иноватори во светот со воведувањето на услугата електронска идентификација преку OneID. Меѓународниот магазин Global Finance ѝ ја додели на Комерцијална банка угледната награда „Врвен иноватор во корисничко искуство за 2023 година за услугите преку OneID“, со што ја рангираше Банката меѓу Топ финансиските иноватори во светот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 2 јуни 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 јуни (петок) 2023 година заради празнување на Духовден. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Финансиска поддршка од Комерцијална банка за ново издание на турнирот во мал фудбал „Тоше Проески“

Објавено

на

Меѓународниот турнир во мал фудбал „Тоше Проески“ во Крушево и годинава, со финансиска поддршка од Комерцијална банка, собра на едно место спортски екипи од повеќе држави во чест и спомен на музичката легенда. (more…)

Продолжи со читање

Популарно