Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје донираше апарат за механичка вентилација – респиратор на Клиниката за инфективни болести

Објавено

на

Пандемијата на COVID-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Оттука, најголема поддршка е потребна токму за нив и нивната пожртвуваност во грижата за заболените и спречување на ширењето на болеста.

Оттука, во знак на поддршка, Стопанска банка АД – Скопје денес со Министерството за здравство потпиша Договор за донација на апарат за механичка вентилација – респиратор, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Опремата во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од COVID-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста. 

Банката го исплати износот за набавка и испорака кон добавувачот кој прави максимални напори апаратот да пристигне во деновиве по што ќе биде предаден на располагање на Министерството и Клиниката. 

Се надеваме дека донацијата ќе помогне во овој заеднички предизвик и дека сите граѓани со разумно и совесно однесување ќе придонесат кон побрзо и полесно надминување на состојбата.

Домашни банки

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

Објавено

на

За уште повесели и повозбудливи празници Комерцијална банка организира наградна игра со главна награда во вредност од 1.000.000 денари! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје е прогласена за „Банка на годината во 2023 година во Република Северна Македонија“ од угледниот финансиски магазин The Banker. Оваа престижна награда и е доделена на Комерцијална банка по јубилеен 10-ти пат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

Објавено

на

Банките се двигатели на секоја економија, а нивната одговорност кон клиентите е повеќеслојна и поеднакво се однесува и на бизнисите (правните лица) и на поединците (физичките лица). (more…)

Продолжи со читање

Популарно