Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје го одбележува „Денот на штедење“ со зелена акција

Објавено

на

Оваа година Стопанска банка АД – Скопје одлучив „Денот на штедење“ да го прослави на „зелен“ начин, користејќи ги овие ретки сончеви денови за убава акција во која ги поканува сите граѓани да се вклучат заедно со своите семејства. Имено, како што е познато, Банката преку проектот „Вози право, вози здраво“ изгради на 2 локации во Скопје вело содржини кои ентузијастички се користат од децата и младите.

Поради covid-19 рестрикциите овие 2 години Стопанска банка АД – Скопје не беше во можност да ги спроведе своите популарни масовни настани и целиот фокус на општествено одговорните активности беше насочен кон здравствениот систем и предизвикот во борбата против ковид. Но, тоа што Банката сака сега да го направи е на скромен начин да потсети дека се грижи за животната средина и за нашето непосредно окружување, па затоа во петок и сабота ќе организира раззеленување и разубавување на двете вело локации.

Агендата за малите настани е во соработка со екипи на Паркови и зеленило:
•    Петок 29. 10. 2021 во парк Македонија спроти Веро2, Тафталиџе на СТБ Детскиот велодром од 10 до 13 часот садење поголема количина на цвеќиња
•    Сабота 30. 10. 2021 во Градски Парк околу ТОПСИ pumptrack од 10 до 13 часот садење на цвеќиња и дополнително зеленило (грмушки и дрвца)

Пораката зад овие активности е дека секоја инвестиција има свој плод за подобра иднина, а и дополнителната симболика во тоа да гледаш како твојата инвестиција расте и дава плод/цвет.

Без оглед дали е тоа инвестиција во пари, имот или во поздрава животна средина, потребно е да се размислува на иднината и да се создаваат здрави навики. Ако секое дете што ќе насади цвеќе, дрвце или грмушка почуствува дека направило нешто корисно за сопствената и за иднината на своите најблиски, Стопанска банка АД – Скопје ќе знае дека ја постигнала целта.

Стопанска банка АД – Скопје Ве очекува заедно да го одбележите „Денот на штедење“ и да го разубавите нашето окружување.

Домашни банки

Комерцијална банка наградена од ЕБОР за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Злато и сребро на Банкарските спортски игри за вработени во Комерцијална банка

Објавено

на

Силна мотивација, тимски дух и желба за победа – доволно за да остварат претставниците на Комерцијална банка низа успешни резултати на годинашните Банкарски спортски игри. Вработени во Комерцијална банка собраа златни и сребрени медали и покажаа и докажаа дека спортските вештини, засилени со цврста соработка и посветеност, се формула за успех. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка оствари нето добивка од 10,6 милиони евра во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно