Connect with us

Домашни банки

Стопанска банка АД – Скопје: Во тек е предвремената исплата на пензиите за месец мај

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец мај од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

Со пензиите за месец мај, клиентите можат да располагаат од денес (30.05.2022 – понеделник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

  1. До 11.000 денари на 30.05.2022 (понеделник)
  2. 11.001-14.000 денари на 31.05.2022 (вторник)
  3. 14.001-18.000 денари на 01.06.2022 (среда)
  4. Над 18.001 денари на 02.06.2022 (четврток)

Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија.

Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

За влез во филијалите од Стопанска банка АД – Скопје препорачуваат носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.

Депозити

Колку заштедивте летово? Сега е моментот – 2% фиксна каматна стапка за орочени депозити во ПроКредит Банка

Објавено

на

Летната сезона е момент кога сакаме да се релаксираме, кога трошоците ни се предвидени за уживање, но секогаш е добредојдено да испланирате и сигурна заштеда за иднината! (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„Поетска ноќ во Велестово“ по 34-ти пат со поддршка од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка е долгогодишен пријател и поддржувач на македонското културно творештво со цел не само негово промовирање, туку и негување и создавање идни културни дејци. Во духот на оваа општествено одговорна мисија, Банката и оваа година го поддржа одржувањето на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово”. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село

Објавено

на

По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно