Домашни банки
Стопанска банка АД Скопје: Во тек е исплатата на парични средства од социјална, детска и цивилна заштита

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека почнувајќи од 05.09.2022 (понеделник) се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата се достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.
Додека, готовинска исплата во филијалите на Банката е во тек и се врши етапно на 5-ти септември (понеделник) и 6-ти септември (вторник) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:
- 05.09.2022 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
- 06.09.2022 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Од Стопанска банка АД – Скопје апелираат овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец.
Воедно, од банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
Клиентите кои ќе ги посетат нашите филијали, апелираме да ги следат следните препораки:
• Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
• Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.
Домашни банки
Откријте ги сите придобивки од трансформацијата на вашиот паметен телефон во паричник

Во денешниот свет, паметните телефони станаа суштински дел од нашите животи. Ги користиме за да комуницираме, да фотографираме, да гледаме видеа, да купуваме онлајн. Но, дали сте знаеле дека вашиот смартфон можете да го користите и како паричник? Со развојот на технологијата за мобилно плаќање сега можеме да го користиме паметниот телефон за сигурни трансакции кај трговците кои користат ПОС-терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. (more…)
Домашни банки
Атрактивна кредитна понуда од Комерцијална банка на Саемот на мебел

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможуваат Комерцијална банка и Скопски саем на претстојниот Саем на мебел, кој се враќа со целата своја атрактивност и со саемските попусти. (more…)
Домашни банки
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

На 17 март, со потпишувањето на два договори за купопродажба на акции меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата на Светската банка, се постави основата за промена на составот на главната акционерска база на ProCredit Holding AG & Co. KGaA (ПроКредит Холдинг). (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка