Connect with us

Останато

Стопанската комора на Македонија со став за прогресивниот данок

Објавено

на

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, во проширен состав, со потпретседателите на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 6.11.2018 година, на којашто присуствуваше и Драган Тевдовски, министер за финансии во Владата на Република Македонија, донесе неколку заклучоци.

Стопанската комора на Македонија, како најстара, најбројна и најзначајна бизнис-асоцијација во земјата, која претставува повеќе од 15.000 компании членки, смета дека најсоодветен начин за уредување на прашањето за обезбедување дополнителни средства во Буџетот на Република Македонија во насока на обезбедување подобар квалитет на јавните услуги е прво да се искористат сите расположливи можности за рационализација на расходите, а пред сè рационализација на процесите на државната администрација, пред да се пристапи кон воведување поголеми обврски за субјектите во системот и поголемо даночно зафаќање, особено ако се има предвид континуираниот тренд на раст на сите даночни приходи во буџетот во периодот 2005–2017 година.

Искуствата покажуваат дека системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор за субјектите навремено да можат да го усогласат своето работење. Во конкретниот случај, предложената даночна реформа е презентирана на почетокот на месец ноември, на помалку од 60 дена до започнувањето на новата фискална и даночна година, во време кога голем број од деловните субјекти веќе ги имаат утврдено финансиските планови за следната година, што има сериозни импликации врз предвидливоста и стабилноста на деловното опкружување.

Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија смета дека најдобриот начин за усогласување на ставовите во однос на ова прашање е барањето доставено до Владата на Република Македонија во септември 2018 година, во рамките на Проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, кој се спроведува со поддршка на Американската агенција за меѓународен развој –УСАИД. Во поднесеното барање, четирите комори во државата заеднички побараа одложување на реформата за воведување прогресивно оданочување. При тоа, посочениот период треба да биде искористен за спроведување на широки консултации со сите засегнати страни, вклучувајќи ја и бизнис-заедницата, во насока на согледување не само каков ќе биде планираниот ефект врз приходната страна на буџетот, туку и какви ќе бидат ефектите врз севкупното деловно опкружување и продуктивноста на македонската економија.

Стопанската комора на Македонија никогаш, па ниту сега не е против вложувањата во унапредувањето на социјалниот, образовниот и здравствениот систем. Напротив, секогаш силно ги поддржува ваквите активности и е социјален партнер во нив. Сепак, мислиме дека предложените мерки подобро би се имплементирале доколку предлагачот ги земе предвид предлозите и мислењата на бизнис-заедницата.

Останато

5 совети за шопинг на Black Friday!

Објавено

на

Додека шопингот на Black Friday може да изгледа како бурен и стресен процес, сакаме да ве известиме дека не мора да биде баш така. Добрата вест е дека ние направивме истражување и навистина го смаливме целиот процес во прилично компактен водич кој не само што може да се искористи на Black Friday, туку и навистина секој шопинг.

(more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Што е Ravencoin и зошто е важен во светот на криптовалутите?

Објавено

на

Единствената цел на Ravencoin е да овозможи трансфер на средства од една личност на друга преку блокчејн технологија. Ravencoin користи уникатен ASIC резистентен алгоритам наречен x16r. Ravencoin е отпорен на ASIC затоа што постојано го менува редоследот на алгоритмите на хаширање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Остар пад на акциите на Волстрит

Објавено

на

Берзанските индекси на Волстрит вчера остро паднаа втор ден по ред, при што под најголем притисок беше енергетскиот сектор поради падот на цените на нафтата, а остро падна и трговскиот сектор поради слабите деловни резултати на неколку компании. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange