Connect with us

Останато

Стопанската комора на Македонија придонесе кон ванцинација на стопанствениците во земјава

Објавено

на

Во текот на денешниот ден, повеќе од 1.100 македонски стопанственици беа вакцинирани во рамки на акцијата која на организираше Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Стопанската комора на Србија, во рамките на Коморскиот инвестициски форум – КИФ.

Тимовите на Стопанската комора на Северна Македонија, распоредени во  спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија, на граничниот премин Табановце и во дежурната служба во просториите на Комората, во текот на целиот ден ги преземаа сите потребни активности за процесот да тече непречено и без застои, според дефинираниот распоред.

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум вакцинација за повеќе од 4.000 стопанственици од Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора се реализираше и во просториите на Саемот во Белград.

Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите стопански комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Градоначалникот на Њујорк првата плата ја добива во криптовалути

Објавено

на

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс соопшти дека во петок ќе ја добие првата плата од своето работно место, и тоа не во долари, туку во криптовалутите Биткоин и Етериум, пренесува „Ал Џазира Балканс“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно