Connect with us

Останато

Стопанската комора на Македонија одбележува 95 години работење

Објавено

на

Стопанската комора на Македонија денеска одбележува значаен јубилеј – 95-годишнина од коморското организирање и работење во Република Македонија. 

По тој повод, продолжувајќи ја традицијата на организирање значајни настани на овој ден, поврзани со реализација на клучните коморски иницијативи, Комората организира тркалезна маса на тема: “Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци”.

 

Група бизнисмени од регионов (Македонија, Србија, Хрватска. Црна Гора, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина) оценија дека е неопходно да се зголеми директната соработка и поврзување меѓу претприемачите од малите земји, при што заеднички ќе се работи и на унапредување на взаемната економска соработка.

 

Така ги поставија и основните тези кои ќе бидат разгледани денеска на тркалезната маса:

• условите за водење бизнис во малите земји се разликуваат од оние во големите земји;

• на мал пазар ретко се случува да се заработи основен капитал за проширување на деловните активности;

• големите држави и нивните големи деловни субјекти често знаат да ја искористат својата моќ на меѓународните пазари и со тоа да ги стават малите држави и нивните деловни субјекти во нерамноправна положба;

• малите земји имаат многу послаби дипломатски мрежи;

• на малите земји често им се наметнуваат, при нивното меѓународно интегрирање, такви мерки кои се штетни за нивните бизниси и деловните иницијативи, без да се направи критички осврт што значат овие мерки за деловното опкружување.

 

На тркалезната маса ќе учествуваат домашни и странски реномирани претставници од научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на мали држави од регионот, како и звучни имиња од бизнисот, кои потекнуваат или работат во мали земји.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно