Connect with us

Останато

Стив Џобс: Разберете ја навреме поентата на животот!

Објавено

на

Стив Џобс – еден од најголемите иноватори на денешницата, непосредно пред својата смрт напишал писмо. Во него докажува дека парите не се најголемото богатство во животот, туку дека радоста, љубовта и семејството го прават животот целосен.

Писмото на Стив Џобс:

“Дојдов до врвот на успехот во светот на бизнисот.

Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успех. Сепак, покрај работата, немам радост. На крајот, богатството е само факт на животот на кој сум навикнат.

Во овој момент, лежејќи на болничкиот кревет и сеќавајќи се на целиот мој живот, сфаќам дека целото признание и богатство што го имам и на кое сум толку многу гордост, избледеа и станаа бесмислени во пресрет на претстојната смрт.

Во темнината, ги гледам зелените светла од машините за одржување во живот и ги слушам механичките звуци, можам да го почувствувам здивот на Бога и на смртта која се зближи …

Сега знам, кога имаме акумулирано доволно богатство за да го задржиме својот живот, треба да продолжиме со други работи кои не се поврзани со богатството…

Треба да биде нешто што е поважно:

Можеби односите, можеби уметноста, можеби сон од помлади денови…

Трчањето по богатство само ќе го претвори лицето во изопачено суштество, исто како мене.

Бог ни дал сетила за да ја почувствуваме љубовта во срцето на сите, а не илузиите што ги носи богатството.

Богатството што го освоив во мојот живот не можам да го понесам со мене.

Она што можам да го понесам се само спомените кои ги предизвикуваат љубовта.

Тоа е вистинското богатство кое ќе ве следи, ќе ве придружува, ќе ви даде сила и светлина за да продолжите.

Љубовта може да патува илјада милји. Животот нема граници. Оди таму каде што сакате да одите. Достигнете ја височината што сакате да ја достигнете. Сето тоа е во вашето срце и во вашите раце.

Кој е најскапиот кревет во светот? – “Болен кревет”…

Можете да вработите некого за да го вози автомобилот за вас, да заработите пари за вас, но не можете да имате некој што ќе ја поднесе болеста за вас.

Материјалните загуби може да се вратат. Но, постои едно нешто што никогаш не може да се најде кога е изгубено – “Животот”.

Кога некој ќе влезе во операционата сала, ќе сфати дека има една книга што допрва треба да заврши – “Книга на здрав живот”.

Во која и да сте фаза од животот, со текот на времето, ќе се соочиме со денот кога ќе се спушти завесата.

Вистинско богатство е љубовта кон вашето семејство, љубовта кон вашиот сопружник, љубовта кон вашите пријатели…

Однесувајте се кон себе добро. Сакајте и почитувајте ги другите.”

Останато

Македонија повторно се најде на “30 под 30” листата на Форбес за 2019 година

Објавено

на

На 12 февруари, со отворање на Лондонската Берза магазинот Форбес ја објави листата “30 под 30” за 2019 година за Европа.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а на листата се најдоа и Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија, во категорија “социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.

Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Вог итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.

Токму овој модел на иновативен тренинг хаб во областа на маркетинг и пр, човечки ресурси, веб и графички дизајн, адвертајзинг итн, фокусиран на тоа да учесниците стекнат вештини и компетенции што им се потребни денес ги донесе овие двајца млади како дел од елитното друштво на Форбес по 30.

Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф ( познат по улогата во Хари Потер), фудбалерот на Атлетико Мадрид Антони Гризман, наследникот на гигантот Луи Витон, Антоан Арно и многу други.

Само да потсетиме ова е втора година Македонија да се најде на оваа листа, лани беше претставена од Нина од “Групер” и Жаре “Еден на Еден”.

Продолжи со читање

Останато

Колку сендвичи дневно “крадат” македонските политичари?

Објавено

на

Парламентарниот пратеник на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) поднесе оставка само неколку часа откако на колегите наивно им раскажал како спровел „социјален експеримент“, минувајќи покрај касата во продавница во близина на словенечкиот парламент и дека „набавил“ сендвич.

Сѐ почнало во средата кога пратеникот на владејачката партија Дариј Крајчич, за време на расправа за механизмите за контрола на прехранбените производи, сакајќи да ја разведри атмосферата, кажал дека механизмите на контрола добро дејствуваат ако сите им се придржуваат, но дека на надзорот секогаш нешто му се протнува и тоа го илустрирал со бизарна анегдота.

Тој кажал дека себеси јавно се пријавува бидејќи во локална продавница „отуѓил сендвич“ минувајќи покрај касата.

Чекав да платам, сигурно неколку минути, но на касата разговараа, а мене никој не ме забележуваше. Затоа излегов без да платам. И никој не потрча по мене иако имаат повеќе камери за видеонадзор“, кажал Крајчич, инаку доктор по шумарство на љубљанскиот универзитет кој претходно го водел државниот завод за заштита на природата.

Иако тој подоцна на новинари им изјавил дека не станувало збор за вистинска туку за виртуелна кражба, односно „социјален експеримент“ бидејќи потоа се вратил и го платил сендвичот и им се извинил на продавачките, Крајчич само неколку часа подоцна соопшти дека дава оставка како пратеник.Оставката е прифатена и во парламентот ќе го замени друг член на партијата која ја води премиерот Марјан Шарец.

Оставката ја прифативме. Крајчич е добар експерт, човек, колега, пријател и соработник, но во оваа прилика направил недозволив чин“, соопшти ЛМШ.

Ако во практика сакаме да ги спроведуваме принципите на нашата партија, тогаш за своите постапки мора да прифатиме одговорност, што го направи Крајчич со својата оставка. Тешко ни е поради тоа, но тоа беше негова самостојна одлука“, се додава во соопштението.

Прашањето е: КОЛКУ СЕНДВИЧИ НА ДЕН СЕ КРАДАТ ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И КОГА БАРЕМ ЕДЕН ОД НИВ ЌЕ БИДЕ ДОБЛЕСЕН ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНЦКИЈАТА КОЈА ЈА ИЗВРШУВА?

Продолжи со читање

Останато

Акциите на Јувентус излегоа на берза

Објавено

на

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус одлучи да се појави на меѓународниот пазар на обврзници. На тој начин успеа да обезбеди капитал многу повисок од првичните барања.

Клубот, кој во 2001 година ги понуди акциите на Миланската берза, се задолжи со 175 милиони евра со издавање на петгодишна обврзница. Инвеститорите можат да сметаат на годишен принос од 3,5%. Управата на Јувентус претходно најави дека со издавање на обврзница планира да добие 150 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за отплата на постоечките долгови.

За потсетување, долгот на овој клуб кој во два наврати беше европски првак, успеа да достигне неверојатни 310 милиони евра. Презентацијата наменета за инвеститорите, содржи податок дека приходите на овој клуб пораснале за 161% во сезоната 2017/2018.

Кон растот на приходите огромен придонес има купувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за кого “старата дама” плати неверојатни 100 милиони евра. Зад издавањето на обврзницата на Јувентус стојат американската банка “Морган Стенли” и италијанската “УБИ банка”.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange