Connect with us

Домашни банки

Стевчо Јолакоски останува член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола и во наредните 4 години

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на Банката.

“Врз основа на член 45 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, Собранието на Банката на својата 46-та седница на Собранието на акционери одржана на ден 27.05.2020 година, донесе Одлука за продолжување на мандатот на Стевчо Јолакоски како член на Надзорниот одбор.”, се вели во соопштението.

На именуваниот член на Надзорниот одбор ќе му се исплаќа месечен нето-износ од 50.000 денари како надомест за работа и учество на седниците, како и јавни давачки во согласност со закон.

Одлуката влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе се применува по добивање на претходна согласност од гувернерот на НБРСМ.

Досега, Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола го сочинуваат:

  • Миле Зечевиќ
  • Александра Радевска
  • Стевчо Јолакоски
  • Иванчо Велјановски
  • Игор Камбовски

Домашни банки

Шпаркасе Банка им додели стипендии на студенти од Економскиот факултет – Прилеп

Објавено

на

На 3.10.2022 година, на првиот свечен академски час, Шпаркасе Банка им додели три студентски стипендии на тројца студенти запишани во прва година на прв циклус студии на Економскиот факултет – Прилеп, во согласност со Конкурсот за запишување студенти  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во акaдемската 2022/2023 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка со нов дизајн и функционалности на S-банка мобилната апликација

Објавено

на

Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка горда на резултатите на својот КБ тим на Скопскиот маратон

Објавено

на

Неуморноста и посветеноста дефинитивно се одлика на тимот на Комерцијална банка. Затоа и не изостанаа добрите резултати на маратонците од Банката на годинашниот Скопски маратон. (more…)

Продолжи со читање

Популарно