Connect with us

Останато

Стартува можноста за развој на брзорастечки бизниси кои ќе отвораат високоплатени работни места

Објавено

на

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, учествуваше и се обрати на доделувањето на финансиска поддршка за отворање на три бизнис акцелератори за млади претприемачи и иноватори, проект кој на  младите луѓе кои поседуваат креативни бизнис планови ќе им понудат можност и поддршка за развој на конкретни бизниси и старт ап компании кои ќе носат профит, ќе учествуваат во развојот на од македонската економија и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани.

Ваквите проекти го покажуваат настојувањето на Владата на Република Македонија за достигнување на европските стандарди на работа со што се создаваат реални бизнис можности за младите да  работат и градат иднина дома во својата земја. Тој се осврна и на позитивните резултати од инвестициите годинава и оцени дека тие се резултат на   враќањето на довербата на инвеститорите заради издржаните економски политики и решителните политички чекори напред за членство на земјата во ЕУ и НАТО.

Вкупниот буџет за сите три проекти е 2 милиони евра од кои Фондот за иновации и технолошки развиј (ФИТР) во соработка со Светската банка обезбедува 1.5 милиони евра, додека апликантите вложуваат половина милион евра, сопствени средства.

На објавувањето на трите успешни апликанти, конзорциуми кои ќе развијат програми за основање и развој на стартап компании за млади, говореа и заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, директорот на Светската Банка за Македонија и за Косово, Марко Мантованели и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.

Вицепремиерот Анѓушев, обраќајќи им се на присутните, истакна дека денеска се промовира една од сетот на мерки што Владата ги креираше годинава за силна поддршка на стопанството и ги таргетира најмалите и најзначајните чинители на економијата.

„Јас им предлагам, препорачувам и сугерирам на сите млади луѓе во земјава да ја искористат оваа шанса и во рамките на акцелераторите да аплицираат да формираат своја фирма, бидејќи многу е важно дека не само финансиски што ќе бидат поддржани, не само што ќе бидат поддржани со простор и опрема каде што ќе можат да формираат својата фирма, туку ќе бидат поддржани и со знаење, „know- how“ од областа на менаџментот како своите фирми да ги водат, да ги управуваат и со самото тоа да станат успешни. Акцелераторите се место каде што треба младите луѓе да формираат свои фирми и да ги реализираат своите соништа. „Mobil Eye“, е формирана во акцелератор во Израел и таа е продадена во двоцифрен број на милијарди евра на слободниот пазар“,  рече Анѓушев.

Директорот на Светската Банка за Македонија и за Косово, Марко Мантованели изрази особено задоволство за можноста која меѓународната организација ја има со учеството во поддршката на Агендата за развој на претприемачките способности на фирмите заедно со Владата на Република Македонија.

„Минатата година повеќе од 200 милиони американски долари се вложени во стартап компании, преку повеќе од 550 акцелераторски програми, што занчи повеќе од 11.000 стартап компании добиле менторска поддршка, но и финансиска поддршка  за да се развиваат забрзано понатаму“, информираше Деспотовски посебно акцентирајќи дека се планира Програмата во Македонија да се развие успешно.

Деспотовски, како претставник на Фондот за обнова и развој потпиша договори за финансиска поддршка со трите конзорциуми избрани од Комитетот за одобрување на инвестициите, по спроведени интервјуа со единаесет пријавени апликанти и тоа: Деловно-технолошки акцелератор „УКИМ“ ДОО Скопје, „СЕАВУС“- едукативен и развоен центар и Друштвото за деловна, техничка поддршка и едукација „ИКС Фактор“.

Останато

ЕУ предлага реформи на Светската трговска организација

Објавено

на

Европската комисија предложи серија реформи на Светската трговска организација (СТО), со цел нејзина модернизација и прилагодување на современите пракси во трговијата.

Предлозите на ЕУ за реформи доаѓаат по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе ја напушти СТО, доколку таа не се реформири, обвинувајќи при тоа дека САД не добиваат праведен третман од страна на Организацијата.

Како мерка на притисок, САД го блокираа усвојувањето на механизмот на СТО за надминување на трговските спорови, со што го парализираа целиот процес.

– Механизмот на СТО полека се движи кон застој. СТО веројатно се наоѓа во најголемата криза досега, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром, истакнувајќи дека правилата на Оргаизацијата не ги следеле технолошките промени и обемот на модерната трговија.

Како пример, таа посочи дека важечките правила на СТО недоволно ги регулираат прашањата за субвенциите доделени на претпријатија во државна сопственост, а и воопшто не ја покриваат трговијата по елекстонски пат.

Малмстром нагласи дека ЕУ решила да предложи реформи на СТО токму поради ваквите недостатоци, а не за да ги задоволи барањата на САД.

Предлозите на Еврокомисијата вклучуваат промени на правилата за доделување на субвенции кои придонесуваат за нарушување на пазарните фер услови, подобрување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста на механизмот за надминување на трговските спорови, со цел да се деблокирање процесот на негово воспоставување.

За да бидат спроведени предложените реформи на ЕУ, тие треба да бидат прифатени и одоберни од сите 164 земји членки на СТО.

Малмстром соопшти дека за предложените реформи од страна на ЕУ, веќе започнале разговори со Кина, а следната недела ќе има средби и со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и со јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

Тензиите во глобалната трговија ескалираа последниве месеци со одлуката на САД за воведување високи царини за увоз на челик и алуминиум, како и за зголмување на цариинските стапки за увоз на голем број кинески прозиводи. На ваквите мерки на САД, засегнатите страни одговорија со контрамерки поврзани со увозот на американски производи.

Продолжи со читање

Останато

Кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија со камата до 3,5 проценти

Објавено

на

На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки.

Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне и аплицирањето од компаниите за добивање кредити.

Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра до три милиони евра.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години, односно до повлекувањето на сите транши. Се очекува да биде понудена по пониски каматни стапки, односно со каматна стапка од околу 3,5 отсто и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот.

Кредитната линија ќе може да се користи за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства…

Заменик-директорот на ЕИБ, Ендрју МекДауел, истакна дека со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјава кон ЕУ и најави дека имаат намера во иднина да се фокусираат на поддршка на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина.

– Како што се забрзува процесот на интеграција  со ЕУ присутноста на ЕИБ ќе се зголемува… Нашата поддршка во изминатите години придонела да се создадат околу 6.000 нови работи места во вашата земја во речиси 2.000 мали и средни компании, рече Мекдауел.

Досега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра.

Продолжи со читање

Останато

Претприемачките бараат гаранциски фонд за финансиска поддршка

Објавено

на

Според Здружението на бизнис жени, кај надлежните има расположение за креирање вид гаранциски фонд, но актуелната политичка ситуација засега не ветува многу. Претприемачките очекуваат интензивирање на активностите во оваа насока по претстојниот референдум, а во меѓувреме лобираат, преговараат со институциите и планираат за два месеца да излезат со конкретна стратегијата во која би бил наведен и предлогот за формирање гаранциски фонд.

– За да можеме да направие некаков чекор напред мора да се ризикува, а за да направиме чекор во општеството треба и државата да ризикува заедно со нас. Ние сме му потребни на општеството, но бараме и помош од него, изјави претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисоска пред денешната тркалзена маса на тема „Можност за претпримеништво, мерки и програми за поддршка?“.

Проблемите на жените-претприемачи се уште и секаде во регионот се исти.
– Жените претриемачи традиционално немаат банкараски гаранции зашто немаат недвижнина на свое име. Друг проблем е непостоењето инфраструктура што подразбира градинки и училишта прилагодени на нашите претприемачки обврски и активности. Претприемништвото не значи работење од осум до три. Ако општеството не ни помогне, не можеме да ги реализираме нашите активности, изјави Драгица Јерков од хрватското здружение на бизнис-жени „Круг“.

Општеството, дополни, треба да креира фонд или модел што ќе даде гаранција да бизнис-жените да ги реализираат проектите и да создадат нова вредност.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange