Останато
Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК, платформа за промоција и поддршка на извозот

Денеска стартуваше Извоз.МК, специјализирана платформа за промоција и поддршка на македонскиот извоз и македонските извозни компании.
Главниот фокус ќе биде ставен на порталот www.izvoz.mk, кој има за цел на едно место да ги обедини сите важни информации од земјата и светот, пазарните трендови, како и да ги сподели успешните домашни и странски примери и добри практики во градење на успешна извозна стратегија.
Преку специјализираните категории Export Intelligence, Извозен водич, Саеми, Извозни пазари, ќе се објавуваат најнови трендови, истражувања и анализи кои ќе им бидат од корист на компаниите кои веќе извезуваат производи и услуги или сакаат да ги направат почетните чекори за интернационализација на својот бизнис.
Исто така, на порталот www.izvoz.mk ќе се објавуваат и информации од областа на:
Транспорт и логистика –во посебна рубрика на порталот ќе бидат опфатени информации за најважните вести и најновите трендови во областа на транспортот и логистиката, како и понудата на производи и услуги од страна на транспортните и логистичките компании во земјата кои играат важна улога за олеснување на извзозот и трговијата со странство.
Финансиски услуги – во посебна рубрика ќе се објавуваат најнови информации и понудите на производи и услуги кои ги нудат деловните банки и финансиски институции, како и производите и услугите на осигурителните компании, на државната развојна банка и другите институции за поддршка на извозот и трговијата.
Во услови кога во Македонија извезуваат само 3.500 компании, што е околу 6,5% од вкупно 53.669 активни фирми, а извозот учествува со околу 55% од Бруто домашниот производ (БДП), од пресудно значење е да се зголеми извозот, преку зголемување на бројот на фирми кои извезуваат, отворање на нови пазари и производство на нови извозни производи, преку обезбедување на целосна институционална поддршка на фирмите за полесен и поуспешен настап на странските пазари.
Целта на Извоз.МК е да се зголеми свесноста кај јавноста и носителите на економските политики дека за мали економии, како што е македонската, извозот е од пресудно значење за остварување на поголем економски раст и развој, повисоки плати и повисок и поквалитетен животен стандард.
Мисијата за зголемување на извозот во државата може да биде успешна само ако на неа работат и дадат свој придонес сите институции, почнувајќи од државната и локалната администрација, министерствата, економската дипломатија и македонските амбасади низ светот, финансиските и осигурителни институции, стопанските комори, извозните компании, Царината, Развојната банка, научно-образовните институции и сите носители на економски политики.
Извоз.МК ќе биде отворен за предлозите и идеите на сите чинители кои можат да придонесат во градењето на клима за подобар животен стандард преку поголем и поконкурентен извоз.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје