Connect with us

Домашни банки

Стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал „Биди банкар“

Објавено

на

Денес во Охрид официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал, „Биди банкар“, којашто ќе трае сѐ до 27 јули 2018 година.

Втора година по ред, Банката ја организира летната школа, која има за цел како едниствена на пазарот од ваков вид, да прерасне во традиција, создавајќи на долг рок млад, амбициозен и банкарски поткован кадар, кој ќе даде свој придонес во општеството и ќе поде подготвен за пазарот на труд.

Претставници од Дирекцијата за човечки ресурси на Банката им посакаа добредојде и успешен старт на учесниците и ги воведоа во активностите што ќе следуваат во текот на Летната школа.

По спроведеното тестирање, беа избрани 10-те најдобри студенти на додипломски и постдипломски студии, кои, почнувајќи од денес, па до крајот на месец јули ќе бидат дел од Летната школа којашто се одржува во Охрид.

Програмата на Школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците.

Дел од учесниците на првата летна школа „Биди Банкар“ која се оддржа минатото лето, веќе се вработени во Охридска банка Сосиете Женерал.

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk

 

Домашни банки

Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Објавено

на

Банката донираше повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Централна Кооперативна Банка ќе издаде конвертибилна обврзница

Објавено

на

Централна кооперативна банка (ЦКБ) ќе издаде конвертибилна обврзница со која ќе се задолжи за 5 милиони евра. Веста е содржана во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното вонредно акционерско собрание на таа банка закажано за 14 ноември.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силк Роуд Банка ја опреми со постелнина Детската клиника во Скопје

Објавено

на

Силк Роуд Банка АД ја предаде првата донација за Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработка, со кој банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.

Со оваа донација на Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клинката.

„Среќни сме што ја реализиравме првата донација во рамки на нашето парнерство со Клиниката за детски болести. Со нетрпение ги очекуваме и следните донации со кои сакаме да ѝ помогнеме на Клиниката во остварување на нејзината благородна мисија. Горди сме што заедно со нашите клиенти го спроведуваме овој долгорочен проект со кој веруваме дека ќе придонесеме за уште подобра здравствена грижа за најмладите“, изјави Ролф Шнебели, претседател на Управниот одбор на Силк Роуд банка.

Релизацијата на првата донација од долгорочното партнерство помеѓу Силк Роуд банка и Универзитетската клиника за детски болести ја поздрави и Министерството за здравство.

„Здравствениот систем, како исклучително комплексен сегмент од секое општество, има потреба од поддршка и од приватниот сектор. Состојбите во здравството ќе бидат на многу повисоко ниво доколку сите општествени фактори ја споделат грижата за него. Оттука ја поздравувам оваа иницијатива која е јасен показател за високата свест и општествена одговорност на Силк Роуд банка и воедно ја користам оваа прилика да ги повикам и останатите компании да го следат примерот на оваа банка“, истакна министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче.

Универзитетската клиника за детски болести е единствена здравстена установа од ваков вид во Република Македонија. Во просек, годишно, на оваа клиника болнички се лекуваат над 7 400 деца, а повеќе од 5 4000 деца добиват амбулантска, специјалистичка и субспецијалистичка педијатриска грижа.

„Првата донација од Силк Роуд Банка доаѓа во вистинско време, затоа што набавката на нова постелнината за целата болница е повеќе од неопходна. Овој модел за соработка меѓу нашата Клинката со Силк Роуд Банка функционира одлично и ни овозможува реализација за унапредување на условите во Клиниката. Придобивки ќе имаат децата пацинети, но и персоналот“, вели д-р Катерина Ставриќ, директорка на Универзитетската клиника за детски болести.

Покрај соработката со Клиниката за детски болести, Силк Роуд Банка континуирано реализира и други општествено одговорни активности, меѓу кои: поддршка на активностите на Црвениот крст на Град Скопје, на Домот за деца без родители „11. Октомври“ и учеството во обезбедување помош на жителите на Стајковци погодени од катастрофалните поплави во 2016-та година.

Силк Роуд Банка е единствена банка во Македонија со 100% швајцарски капитал и е ексклузивен застапник за Американ Експрес картичките во земјава.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange