Connect with us

Останато

Стартап од Ниш продаден за 165 милиони евра

Објавено

на

Српско-американската фирма Frame која пред шест години ја покренале тројца Нишлии е продадена за дури 165 милиони долари на американската софтверска cloud компанија  Nutanix, што е и најголема јавно позната аквизација за еден стартап од Србија.

Бизлајф.рс ја пренесува оваа информација а се додава и дека купувачот, фирмата Nutanix е софтверска cloud computing компанија основана во 2009 година чија вредност изнесува вртоглави девет милијарди долари.

Колку продажбата на фирмата која постои само шест години за дури 165 милиони евра е голем успех покажува споредбата со инвестициите од оваа големина во соседна Србија.

Приказната за компанијата Frame ја покренале тројца Нишлии во 2012 година. Тогаш уште некој вид сервис, прв пат е претставен во јавноста во половината на 2013та. Во тоа време како стартапт под името „Mainframe2“ во почетокот на 2015 е ребрендиран во Frame (Fra.me).

Сопствениците тогаш најавија нова фаза на работата на компанијата, ширење на корисничкиот круг на самите корисници, но и нови вработување во Србија, како што пренесува бизлајф.рс.

Еден од покренувачите на компанијата Никола Божиновиќ тогаш рекол дека тимот неколку месеци работел на подготвување производи за широка корисничка база. Во повеќе од 100 000 луѓе ги покренале своите апликации по пат на овој cloud сервис, а меѓу клиентите наскоро се најдоа и познати Fortune 30 компании.

Поентата на целата приказна е во тоа што крајните корисници со користење на ова револуционерно решение може да ги централизираат своите апликации и да ги користат во било кој компјутер, директно од пребарувач.

Кога она што се прави за Frame се преведе на обичен јазик, она со што се занимава оваа фирма станува јасно. Имено, било кој компјутер може да покрене некои од програмите како Photoshop  и AutoCat, a се што е потребно за тоа е само стабилна интернет врска.

Во јуни 2015-та станаа главна вест бидејќи ги подигнаа “Series A” рундата инвестиции во висина од 10 милиони долари. Тоа беше најголемата поединечна инвестиција во еден домашен стартап, а само месец дена подоцна сервисот е лансиран и глобално, со дата центри во Калифорнија, Северна Вирџинија, Ирска, Германија, Јапонија, Австралија и Бразил.

Останато

ЕУ предлага реформи на Светската трговска организација

Објавено

на

Европската комисија предложи серија реформи на Светската трговска организација (СТО), со цел нејзина модернизација и прилагодување на современите пракси во трговијата.

Предлозите на ЕУ за реформи доаѓаат по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон ќе ја напушти СТО, доколку таа не се реформири, обвинувајќи при тоа дека САД не добиваат праведен третман од страна на Организацијата.

Како мерка на притисок, САД го блокираа усвојувањето на механизмот на СТО за надминување на трговските спорови, со што го парализираа целиот процес.

– Механизмот на СТО полека се движи кон застој. СТО веројатно се наоѓа во најголемата криза досега, изјави еврокомесарката за трговија Сесилија Малмстром, истакнувајќи дека правилата на Оргаизацијата не ги следеле технолошките промени и обемот на модерната трговија.

Како пример, таа посочи дека важечките правила на СТО недоволно ги регулираат прашањата за субвенциите доделени на претпријатија во државна сопственост, а и воопшто не ја покриваат трговијата по елекстонски пат.

Малмстром нагласи дека ЕУ решила да предложи реформи на СТО токму поради ваквите недостатоци, а не за да ги задоволи барањата на САД.

Предлозите на Еврокомисијата вклучуваат промени на правилата за доделување на субвенции кои придонесуваат за нарушување на пазарните фер услови, подобрување на транспарентноста и зголемување на ефикасноста на механизмот за надминување на трговските спорови, со цел да се деблокирање процесот на негово воспоставување.

За да бидат спроведени предложените реформи на ЕУ, тие треба да бидат прифатени и одоберни од сите 164 земји членки на СТО.

Малмстром соопшти дека за предложените реформи од страна на ЕУ, веќе започнале разговори со Кина, а следната недела ќе има средби и со американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер и со јапонскиот министер за економија Хирошиге Секо.

Тензиите во глобалната трговија ескалираа последниве месеци со одлуката на САД за воведување високи царини за увоз на челик и алуминиум, како и за зголмување на цариинските стапки за увоз на голем број кинески прозиводи. На ваквите мерки на САД, засегнатите страни одговорија со контрамерки поврзани со увозот на американски производи.

Продолжи со читање

Останато

Кредитите од ЕИБ за мали и средни претпријатија со камата до 3,5 проценти

Објавено

на

На македонските мали и средни компании од денеска им е достапна поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) што ќе се пласира преку Македонската банка за поддршка на развојот и 11 деловни банки.

Се очекува до крајот на месецот да бидат потпишани договорите со деловните банки, а од средината на следниот месец да почне и аплицирањето од компаниите за добивање кредити.

Кредитите ќе се доделуваат во транши од по пет милиони евра, а компаниите ќе можат да учествуваат со проекти во вредност од шест илјади евра до три милиони евра.

Кредитната линија ќе биде достапна во наредните две години, односно до повлекувањето на сите транши. Се очекува да биде понудена по пониски каматни стапки, односно со каматна стапка од околу 3,5 отсто и ќе има рок за враќање од 12 години со грејс-период од две до четири години во зависност од проектот.

Кредитната линија ќе може да се користи за инвестиции, набавка на опрема, градежни материјали, машини, транспортни средства, финансирање на обртни средства…

Заменик-директорот на ЕИБ, Ендрју МекДауел, истакна дека со оваа кредитна линија се поддржува приближувањето на земјава кон ЕУ и најави дека имаат намера во иднина да се фокусираат на поддршка на транспортот, енергијата и заштитата на животната средина.

– Како што се забрзува процесот на интеграција  со ЕУ присутноста на ЕИБ ќе се зголемува… Нашата поддршка во изминатите години придонела да се создадат околу 6.000 нови работи места во вашата земја во речиси 2.000 мали и средни компании, рече Мекдауел.

Досега вкупната поддршка од ЕИБ за земјава изнесува 450 милиони евра.

Продолжи со читање

Останато

Претприемачките бараат гаранциски фонд за финансиска поддршка

Објавено

на

Според Здружението на бизнис жени, кај надлежните има расположение за креирање вид гаранциски фонд, но актуелната политичка ситуација засега не ветува многу. Претприемачките очекуваат интензивирање на активностите во оваа насока по претстојниот референдум, а во меѓувреме лобираат, преговараат со институциите и планираат за два месеца да излезат со конкретна стратегијата во која би бил наведен и предлогот за формирање гаранциски фонд.

– За да можеме да направие некаков чекор напред мора да се ризикува, а за да направиме чекор во општеството треба и државата да ризикува заедно со нас. Ние сме му потребни на општеството, но бараме и помош од него, изјави претседателката на Здружението на бизнис жени Валентина Дисоска пред денешната тркалзена маса на тема „Можност за претпримеништво, мерки и програми за поддршка?“.

Проблемите на жените-претприемачи се уште и секаде во регионот се исти.
– Жените претриемачи традиционално немаат банкараски гаранции зашто немаат недвижнина на свое име. Друг проблем е непостоењето инфраструктура што подразбира градинки и училишта прилагодени на нашите претприемачки обврски и активности. Претприемништвото не значи работење од осум до три. Ако општеството не ни помогне, не можеме да ги реализираме нашите активности, изјави Драгица Јерков од хрватското здружение на бизнис-жени „Круг“.

Општеството, дополни, треба да креира фонд или модел што ќе даде гаранција да бизнис-жените да ги реализираат проектите и да создадат нова вредност.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange