Connect with us

Останато

Стапува на сила Законот за заштита на лични податоци

Објавено

на

Од вчера стапи во сила новиот Закон за заштита на личните податоци, донесен во февруари годинава, кој беше со одложена примена за да им се даде можност на компаниите и институциите во земјата да се прилагодат на промените. Со примената на овој Закон се изврши усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци 2016/679 на Европскиот парламент и на Советот од 27 април 2016 година за заштита на физички лица во поглед на обработката на лични податоци.

„Имајќи ги предвид новите предизвици во однос на основните човекови права и слободи кои се појавуваат секојдневно, конкретно на правото на приватност и заштитата на личните податоци, а со цел што подобро да се адресираат предизвиците во областа на приватноста кои произлегуваат од зголемената употреба на новите информациско/информатички технологии и глобализацијата во однос на обработката на личните податоци, во Република Северна Македонија почувајќи од 24 август 2021 година, започнува со целосна примена новиот Закон за заштита на личните податоци. Тоа од една страна овозможува нормативно, а со започнувањето со примена и практично усогласување на македонското законодавство во областа на заштитата на човековите права со правото на Европската унија во оваа област”, наведуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП).

Компаниите и претставници на институции и организации од земјите од ЕУ во Северна Македонија и досега работеа во согласност со Европската регулатива односно со нашиот закон, којшто во целост е усогласен со овој документ.

Новиот закон, носи многу промени, а меѓу нив е тоа што секоја компанија, без ралика дали е мала, средна или голема, или институција или организација ќе мора да има офицер за заштита на лични податоци, а заштитата на податоците ќе биде на повисоко ниво од досега со тоа што контролорот на податоците ќе мора да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и прилагодување на својот воспоставен систем за заштита на личните податоци.

Казните кои ги предвидува новиот Закон, а кој стапува на сила денесе изнесуваат 2-4% од годишниот приход на компанијата.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно