Connect with us

Останато

Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 проценти, во ЕУ 6 отсто

Објавено

на

Стапката на невработеност во еврозоната во јуни изнесувала 6,6 проценти, како и во мај, соопшти статистичката служба на Европската унија, Евростат.

Невработеноста во 27-члената Европска унија, исто така остана непроменета на месечна основа во јуни и изнесуваше 6,0 проценти.

Според податоците на веб-страницата на Евростат, во јуни во ЕУ имало 12,93 милиони невработени жени и мажи, наспроти 12,95 милиони во мај. Од нив, бројот на невработени во еврозоната изнесува 10,92 милиони, што е благ пораст во споредба со мајските 10,90 милиони невработени лица.

Најниски стапки на невработеност во јуни се забележани во Чешка (2,4%), Полска (2,7%) и Германија (2,8%), а највисоки во Шпанија (12,6%) и Грција (12,3%).

Останато

Бесими: Не ни треба триумфално решение, туку најоптимално решение за прогресивниот данок

Објавено

на

Низ дебата сакаме да дојдеме до најоптималното решение за прогресивниот данок. Не сум да одиме со триумфално решение, туку со решение прифатливо од сите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за МИА. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање


Популарно