Connect with us

Електронско банкарство

Станете корисник на услугата електронско банкарство на Штедилница Можности

Објавено

на

Со услугата за електронско банкарство, Штедилница Можности ви нуди брзо, сигурно и едноставно добивање на информации за услугите што ги користите од штедилницата.

Оваа услуга е наменета за сите клиенти (физички и правни лица) на штедилницата кои користат каков било продукт или услуга, кои се заинтересирани 24 часа на ден, 7 дена во неделата да имаат увид во својата сметка, да планираат и да ги следат модерните текови.

Кои се придобивките на е-банкинг?

  • проверка на состојбата на кредитот или депозитот;
  • праќање прашање, сугестија или поплака;
  • имање увид во листата на уплати и исплати;
  • имање увид во Вашиот амортизационен план;
  • добивање информација за статусот на кредитот;
  • проверка на важечката курсна листа во штедилницата;
  • и други информации.

Трошоци:

Услугата за пристап до електронското банкарство на Штедилница Можности е бесплатна за сите корисници и е на располагање 24/7.

Како да станете корисник на услугата е-банкинг?

Обратете се до најблиската експозитура на Штедилница Можности, каде вработените ќе ви отворат сметка и ќе добиете корисничко име и лозинка за пристап.

За најавување на електронско банкарство потребно е да пристапите преку ЛИНК.

ПРЕПОРАКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

За повеќе информации обратете се секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот во која било од експозитурите на Штедилница Можности или во Дирекцијата на штедилницата, Служба за релации со клиенти на телефонскиот број 02 2 2401 054 или на е-маил: e-banking@moznosti.com.mk.

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка ги претстави Sparky, новиот Viber Chat асистент и Sparkasse Viber Community

Објавено

на

Во услови кога светот се справува со една од најголемите пандемии што досега се појавиле во човештвото, Шпаркасе Банка Македонија воведе нов канал за директна комуникација со своите нови и постојни клиенти преку официјален Viber Chat асистент „Sparky“. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

АЕТМ: Е-трговијата во месец март пораснала за 99% во однос на март претходната година

Објавено

на

Народната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба заклучно до 31.03.2020 година.  (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Македонците се повеќе преферираат е-трговија, зголемен бројот на е-продавници и на електронски плаќања

Објавено

на

Зголемено користење на компјутерите и мобилните телефони за плаќање е забележано во текот на изминатите месеци, откако почна кризата предизвикана од коронавирусот. Податоците покажуваат дека бројот на плаќања преку електронско банкарство во март е зголемен за околу 30 отсто, а бројот пак на регистрирани е-продавници во овој период е поголем од оној регистриран во текот на цела 2019 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно