НБРМ
„Стандард и Пурс“: Народната банка успешно ја одржува стабилноста на банкарскиот систем

„Централната банка успешно ја одржува довербата во банкарскиот сектор, што се докажува и преку постојаниот раст на депозитите во 2020 и 2021 година“, се истакнува во извештајот на кредитната рејтинг–агенција „Стандард и Пурс“.
Денарот е стабилен, а монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување. Девизните резерви се зголемени. Банкарскиот систем во земјава е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови остануваат поволни. Стапката на нефункционални кредити е ниска. Ова се накусо оцените за монетарната политика која се води во земјава и за финансиската стабилност, наведени во извештајот.
Во извештајот е нагласено дека девизните резерви на земјава се повисоки. Така, во јули годинава, и покрај отплатата на еврообврзницата во износ од 500 милиони евра, девизните резерви бележат раст во споредба со истиот период минатата година. Кредитната агенција не очекува флуктуации на девизниот пазар, односно курсот на денарот останува стабилен. Исто така, се наведува дека доколку се јави потреба, Народната банка е подготвена да интервенира, вклучително и преку репо–линијата од 400 милиони евра од Европската централна банка.
Очекувањата за инфлацијата на „Стандард и Пурс“ за годинава соодветствуваат со проекцијата на Народната банка од 2,2%.
Како што се наведува во извештајот на кредитната агенција, банкарскиот систем во Северна Македонија е стабилен, останувајќи висококапитализиран и профитабилен и за време на корона-кризата. Стапката на нефункционални кредити остана на ниско ниво од 3,4% во второто тримесечје од 2021 година.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)
НБРМ
ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)
НБРМ
Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје