НБРМ
„Стандард и Пурс“ и „Фич“: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав и останува стабилен

Кредитните агенции „Стандард и Пурс“ и „Фич“ го потврдија кредитниот рејтинг на нашата земја. „Стандард и Пурс“ го задржува кредитниот рејтинг на нивото ББ-, со стабилен изглед, а „Фич“ го потврдува кредитниот рејтинг ББ+, при што изгледот е негативен, заради влијанието на пандемијата на ковид-19 врз економијата во глобални рамки. Во соопштенијата со коишто известуваат за своите одлуки за кредитниот рејтинг на земјата и ги претставуваат своите проекции и видувања за македонската економија, од двете агенции се осврнуваат и на мерките коишто ги презема Народната банка, стабилноста на девизниот курс на денарот, нивото на девизните резерви и состојбите во банкарскиот систем.
Во однос на банкарскиот систем, во соопштението на „Стандард и Пурс“ е истакнато дека системот останува стабилен. Од агенцијата наведуваат дека во услови на неизвесност, притисоците врз депозитната база биле од краткотраен карактер, како во однос на динамиката, така и во однос на промените во валутните преференции. Притоа ги потенцираат и последните трендови кај девизните резерви, коишто упатуваат на нивен раст и на стабилни движења на девизниот пазар.
Од „Фич“ пак, напоменуваат дека банкарскиот систем има здрави основи и висока ликвидност. Според нивните оцени системот е во добра кондиција што овозможува тој да придонесе за ублажување на шокот од корона-кризата, обезбедувајќи кредитна поддршка за македонската економија. Притоа посочуваат дека е клучно што адекватноста на капиталот минатата година се зголеми на нивото од 16,3%, како и тоа што нефункционалните кредити се на досега најниско ниво од 4,8%. Во соопштението на „Фич“ е констатирано и дека банкарскиот систем е подготвен да ги апсорбира кредитните загуби коишто се очекувани во текот на корона-кризата, но истовремено и очекуваат оваа година да има благ пораст на вкупните кредити.
Во соопштенијата на „Стандард и пурд“ и „Фич“ посебен акцент е ставен и на мерките на централната банка, преземени за поддршка на економијата во условите на глобалната пандемија на ковид-19, како што се релаксирањето на монетарната политика и регулаторната флексибилност, како мерки коишто треба да го поддржат кредитниот циклус и да придонесат економијата да се справи со ефектот од кризата.
Во однос на следниот период, од двете агенции укажуваат на неповолните ризици од корона-кризата врз економијата од една страна, но и на позитивните ризици од засилени структурни и институционални реформи, во рамки на евроинтегративниот процес.
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)
НБРМ
Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје