Connect with us

НБРМ

„Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем се и остануваат стабилни

Објавено

на

Во најновиот извештај на агенцијата „Стандард и Пурс“ со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед, одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем.

Од „Стандард и Пурс“ напоменуваат дека поставеноста на монетарната политика и мерките на Народната банка придонесуваат за неутрализирање на ефектите од пандемијата на ковид-19 врз македонската економија. Притоа, одделно ги посочуваат сведувањето на основната каматна стапка на историски најниско ниво, регулаторниот простор за одложување на наплатата на кредитните обврски и мерките за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем.

„Банкарскиот систем останува стабилен“ – истакнуваат од „Стандард и Пурс“. Притоа, осврнувајќи се на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ напоменуваат дека тоа не е поврзано со ковид-кризата. Според оцените на „Стандард и Пурс“, имајќи предвид дека учеството на оваа банка во вкупните кредити и вкупните депозити на банкарскиот систем беше мало, односно под 2%, укинувањето на дозволата за работење на „Еуростандард банка“, воопшто нема да влијае врз стабилноста на банкарскиот систем.

Во врска со девизниот курс на денарот во однос на еврото, посочуваат дека според нивните оцени, тој и понатаму ќе остане стабилен. Притоа нагласуваат дека отсуството на краткорочни капитални текови значително ги намалува ризиците за македонската економија. Воедно, меѓу другото, во извештајот истакнуваат дека нивото на девизните резерви е адекватно и дека во јули оваа година е зголемено за 10% во споредба со крајот на минатата година, што е значајно за стабилноста на домашната валута.

Во извештајот, од агенцијата напоменуваат дека тековните случувања на депозитниот и девизниот пазар ја потврдуваат довербата на граѓаните во банкарскиот систем и во стабилноста на домашната валута – денарот.

„Стандард и Пурс“, како особено значајна ја посочуваат одлуката на Европската централна банка да овозможи Народната банка да има пристап до дополнителна девизна ликвидност во евра преку репо-линија, во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа. Истовремено, напоменуваат дека Народната банка досега нема користено од овие средства, но располага со нив доколку би било потребно.

Според оцените на агенцијата, и покрај влијанието на ковид-кризата, македонската економија има капацитет и простор соодветно да го надмине периодот на неизвесноста креирана од глобалната криза. Во извештајот на „Стандард и Пурс“ е нагласено и дека преговорите во рамки на евроинтегративниот процес можат да придонесат за јакнење на потенцијалот на македонската економија во спроведувањето на структурните реформи.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно