НБРМ
„Стандард и Пурс“: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор – стабилен и висококапитализиран

Курсот на денарот останува стабилен, додека високо капитализираниот банкарски сектор оди во прилог на потврдата на кредитниот рејтинг на земјава од страна на кредитната агенцијата „Стандард и Пурс“, односно „ББ -“ со стабилен изглед. Во услови на глобална криза предизвикана од ценовните пристисоци од примарните производи, потврдата на кредитниот рејтинг на земјава е силен сигнал за макроекономската и финансиската стабилност.
Во извештајот на кредитната агенција се наведува дека не се очекуваат промени кај фиксниот курс на денарот врзан за еврото. Во извештајот се посочува на ефектите од растечките цени на енергенсите на девизниот пазар, при што очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека овие притисоци ќе се намалат со постепеното намалување на цените на енергијата ќе се намалуваат. Притоа, кредитната агенција укажува на приливите на странските директни инвестиции коишто се стабилни, како и на надворешното задолжувањe на државата како фактори што ќе обезбедат дополнителна поддршка на девизните резерви.
Во извештајот за кредитниот рејтинг се наведува дека врските на нашиот финансиски сектор со Русија се ограничени, оттаму не се соочивме со последици од санкциите врз подружниците на руските банки. Забележуваат дека првичниот ефект од почетокот на војната во Украина врз депозитите е стивнат, при што од страна на агенцијата се наведува дека не очекуваат значителни дополнителни повлекувања на депозити или нивна конверзија во странска валута. Во извештајот се нотира и дека стапката на нефункционални кредити останува ниска на 3%, а стапката на адекватност на капиталот е стабилна на 17%, со што тој и понатаму останува здрав и стабилен.
Од страна на „Стандард и Пурс“ се посочува и на досега преземените мерки на Народната банка коишто се во насока на стабилизирање на инфлацијата, но и зголемување на преференците за располагање со домашна валута и дополнително зајакнување на капацитетот на банките за справување со шокови.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)
НБРМ
Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)
НБРМ
Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка