Connect with us

НБРМ

Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Објавено

на

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што  капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, во кој се потврдува кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед.

Агенцијата посочува на поволните трендови кај девизните резерви, коишто на крајот на 2022 година достигнаа 3,9 милијарди евра. Како што констатираат од „Стандард и Пурс“, во изминатите месеци цените на енергенсите се стабилизираат, па оттаму не се очекуваат позначајни притисоци врз девизните резерви во текот на годината преку овој канал. Дополнително, според нивните очекувања, резервите ќе продолжат да растат, при очекувано стеснување на дефицитот на тековната сметка и финансиски приливи преку директни инвестиции и одредени должнички текови.  Девизниот курс останува стабилен, и промени во курсот на денарот, не се очекуваат.

Од „Стандард и Пурс“ во извештајот за кредитниот рејтинг за земјава, наведуваат дека за разлика од други земји во регионот, врските на финансискиот сектор на домашната економија со Русија се мали, со што изостануваат директни негативни преносни ефекти за домашниот банкарски систем од кризата. Во поглед на банкарскиот сектор, Агенцијата ја потенцира неговата стабилност, во услови кога нефункционалните кредити остануваат ниски, на ниво од 3,2%, додека стапката на капитализираност на банкарскиот сектор е  соодветна и стабилна и изнесува 17,7%.

Во рамки на извештајот, се истакнуваат мерките кои Народната банка ги презема, во однос на ликвидноста, промените во каматната политика и во задолжителната резерва, како и макропрудентните мерки. Притоа се нагласува нивната улога за стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања, поддршка на процесот на денаризација на економијата, како и за натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем.

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

Објавено

на

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Објавено

на

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Објавено

на

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)

Продолжи со читање

Популарно