Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ-“, со стабилен изглед

Објавено

на

Во извештајот со кој минатата недела агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава „ББ-“, со стабилен изглед, одделно внимание ѝ е посветено и на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем.

Даден е осврт и на банкарскиот систем, при што се нагласува неговата добра капитализираност и профитабилност, како и негово финансирање главно преку домашни депозити.

Според проценките на „Стандард и Пурс“, нефункционалните кредити во земјава изнесуваат околу 5% од вкупните кредити, што, како што е забележано во извештајот, е исклучително позитивно ако се направи споредба со податоците за другите земји од регионот.

Агенцијата изнесува позитивни оценки и за кредитниот раст во земјава, при што одбележува дека има позитивни поместувања особено во делот на кредитирањето на корпоративниот сектор.

„Стандард и Пурс“ очекува дека во следните неколку години кредитниот раст ќе изнесува, во просек, 7% годишно.

Останато

Хари Костов и Комерцијална банка влегуваат во РК Вардар?

Објавено

на

Првиот човек на Комерцијална банка, г-дин Хари Костов најверојатно наскоро ќе биде обелоденет како прв човек и на РК Вардар. (more…)

Продолжи со читање

Останато

7% од кредитоспособните лица, лани зеле брз кредит

Објавено

на

Граѓаните се заинтересирани за услугите на финансиските друштва, познати како брзи кредити. Земаат просечно меѓу 200 и 400 евра кредит, а во минатата година седум отсто од кредитоспособното население во земјава било опслужено од овие финансиски друштва. Од година во година секторот расте, а за поголема сигурност за потрошувачите дел од овие друштва што работат во земјава формираа Асоцијација на финансиски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сузбивање на сивата економија е можно со здружена стратешка акција

Објавено

на

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. На високо ниво, претставниците на Владата, домашни и странски експерти, професори и истакнати стопанственици дискутираа за најголемите предизвици на компаниите во борбата со сивата економија, конкретни решенија за нејзино сузбивање како и очекуваните ефекти за стопанството и економијата од воведување  на нерегистираните субјекти во системот. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange