Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг „ББ-“ на Република Северна Македонија

Објавено

на

Агенцијата „Стандард и Пурс“ објави нов извештај, во кој го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ-“, со стабилен изглед. Во извештајот, одделно внимание ѝ е посветено на монетарната политика, со фокус на стабилноста на домашната валута и нивото на девизните резерви, како и на стабилноста на банкарскиот систем.

Меѓу другото, „Стандард и Пурс“ повторно наведе дека мерките на Народната банка, како што е пониската задолжителна резерва за обврските на банките деноминирани во денари, придонесуваат за намалување на вкупната евроизација во земјата, којашто  воедно е и пониска споредено со другите економии во регионот. „Стандард и Пурс“ одделно се осврна и на девизните резерви, коишто во текот на  оваа година бележат раст, во најголема мера како одраз на интервенциите на Народната банка на девизниот пазар.

Во извештајот посебен акцент е ставен на банкарскиот систем, со нагласок дека тој е стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со ниско ниво на нефункционални пласмани, а дека неговите активности главно се финансирани преку домашните депозити. „Стандард и Пурс“ даде позитивни оцени и за кредитниот пазар во нашата земја, забележувајќи  дека и покрај тоа што поголем дел од кредитирањето е насочено кон населението, во последниот период се забележува поголема активност и на сегментот на корпоративното кредитирање.

НБРМ

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Објавено

на

Во рамки на 110. седница на Собрание на Република Северна Македонија, на 31 август 2019 година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка очекува растот на економијата годинава да достигне 3,5%

Објавено

на

На 10 септември 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Француска компанија ќе печати 15 милиони апоени од 500 денари

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија склучи Договор со француската компанија Обертур Фидуциаре за набавка на 15 милиони апоени од 500 денари, објави еМагазин. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange