Connect with us

Кредити

Станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години од Силк Роуд Банка

Објавено

на

Со станбениот кредит на Силк Роуд Банка сега е веќе лесно да го одберете Вашиот #НовДом!

Новиот кредитен производ е со фиксна каматна стапка за првите 10 години од 3,5%, односно 5,5% променлива каматна стапка за остатокот од периодот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за станбен кредит во промотивниот период кој трае до крајот на 2020 година, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

Кредитот е наменет за купување нов стан или куќа, за изградба на нов дом, за реновирање на постојни недвижности, за купување на деловен простор, за купување градежни материјали поврзани со реновирање на домот, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износи до 400.000 евра, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период од една година.

Како дополнително олеснување при процесот на купување нов дом, посебно кога се работи за станови кои се во фаза на изградба, банката веќе има остварено соработка со преку 50 градежни компании, меѓу кои се и најголемите градежни компании во државата.  На сите потенцијални клиенти им е овозможено, со минимално сопствено учество, да дојдат до нов стан или деловен простор. 

Дополнителни информации за новиот станбен кредит можат да се добијат во сите експозитури на Силк Роуд Банка, профилите на социјалните медиуми како и на веб страницата: www.silkroadbank.com.mk.

Кредити

Кои се предностите на СМАРТ кредитот на Комерцијална банка?

Објавено

на

СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и на корисниците им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно потребите. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

СМАРТ кредит преку картичка – нов кредит од Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка го промовираше новиот револвинг потрошувачки кредит (СМАРТ кредит) кој е наменет за физички лица и во денари, истиот има и вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нов кредитен продукт на Штедилница Можности – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата КОВИД-19!

Објавено

на

Штедилница Можности како дел од Проектoт на УСАИД за развој на деловниот екосистем, лансираше нов специјален кредитен продукт за поддршка на дејностите погодени од пандемијата – Кредит за поддршка на клиенти погодени од пандемијата  КОВИД-19! (more…)

Продолжи со читање

Популарно