Кредити
Станбен кредит без камата – реалност или фикција?


Данската банка Nordea Bank Abp направи потег кој во изминативе години беше незамислив за банките ширум светот, понуди станбени кредити без камата!
Данските медиуми известуваат дека Nordea Bank Abp во своето портфолио на производи кои ги нуди на граѓаните објави дека започнува со понуда на кредити за купување недвижен имот со каматна стапка од неверојатни 0 (нула) проценти.
Понудата на данската банка е со фиксна рата за отплата на кредитот со рок до 20 години.
Nordea Bank Abp понуди ваков производ по најавата на конкурентската Jyske Bank A/S која најави дека ќе им понуди на клиентите кредити со рок на отплата до десет години со негативна каматна стапка од половина процент. Тоа всушност значи дека наместо клиентот да плати одредена камата за парите кои што ќе ги подигне, банката ќе му даде пари доколку се одлучи да подигне кредит за недвижен имот од Jyske Bank A/S. Односно, со земање на кредит за стан, клиентот како да вложил пари во заштеди со каматна стапка од 0,5%.
”Никогаш досега не било поевтино да се задолжиш. Очекуваме дека ова ќе придонесе за зголемување на цените на недвижностите“, изјави Лисе Нитофт Бергман, главна аналитичарка во секторот за станбено кредитирање на Nordea Bank.
Ја пренесе и негативната страна на целата приказна.
”Ова е одлично за клиентите, но навистина е непријатно да се знае податокот дека има финансиски институции подготвени да позајмуваат пари без заработка“, изјави Бергман.
Во светот веќе станува реалност да се земе кредит без дополнителни камати и трошоци, но дали може да очекуваме и од нашите банки да го следат овој тренд и да понудат кредити без камата или се тоа ќе остане само фикција за клиентите!?
Домашни банки
ТТК Банка со промотивна поволност за своите клиенти – без трошоци за одобрување и администрирање за кредитите со РИЗИКО кредитно животно осигурување


РИЗИКО кредитното животно осигурување или осигурување живот на корисници на кредит е достапно во сите експозитури и филијали на ТТК Банка АД Скопје, во соработка со осигурителното друштво „Триглав Осигурување Живот“ АД Скопје. (more…)
Кредити
Каде може да се земе хипотекарен кредит со 0% каматна стапка!?


Земјата со најдолга историја на негативни стапки на кредитни производи на централната банка нуди 20-годишен хипотекарен кредит со нулта каматна стапка. (more…)
Кредити
Кои се предностите на СМАРТ кредитот на Комерцијална банка?


СМАРТ кредитот е револвинг потрошувачки кредит во денари за физички лица, со вклучено осигурување во случај на спреченост за отплата. Може да се користи преку наменска картичка за подигање готовина од банкоматите на Банката, или со вршење безготовински пренос на средствата од кредитниот лимит на сопствена трансакциска сметка на Корисникот во Банката. Овој хибриден кредитен производ е комбинација помеѓу потрошувачки кредит и кредитна картичка и на корисниците им овозможува повеќекратно користење на одобрените средства од кредитот преку картичка, согласно потребите. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!