Connect with us

НБРМ

Станбените кредити во февруари со годишен раст од 12,3%, потрошувачките од 6,3 проценти

Објавено

на

Вкупните депозити на годишна основа во февруари бележат раст од 5,9 проценти, а вкупните кредити се повисоки за 7,7 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека порастот на вкупните депозити се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај домаќинствата, додека зголеменото кредитирање е исто присутно кај двата сектора, но со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

Кредитите на домаќинствата остварија месечен раст од 0,3 проценти и годишен раст од 7,2 проценти. Промената по двете основи се должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,3 проценти и 12,3 проценти, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3 проценти на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8 проценти.

Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1 процент и 1,3 проценти, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8 проценти и 0,4 проценти, соодветно.

Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5 проценти и 16,3 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор во февруари се намалени за 0,2 проценти, во целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2 проценти, којшто во услови на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се должи на кредитите во странска валута.

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Објавено

на

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на  инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики“. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи“, којшто се одржува во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Бојчева-Терзијан од Народната банка: Растот на зелените финансии ‒ поддршка на енергетската транзиција на економијата

Објавено

на

На бизнис-форумот „Економски перспективи за предвидлив развој“ во организација на агенцијата „Марили“ учествуваше директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан. Темите што беа обработувани на бизнис-форумот се однесуваа на одржливата економија, особено енергетските предизвици како нови можности во економијата, како и политиките и моделите за одржлив развој на земјоделството и прехранбената индустрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно