Криптовалути
Станал милионер за неколку месеци, па планира да се пензионира на 35-годишна возраст!?


Работник во супермаркет може да се пензионира на 35-годишна возраст откако среќната инвестиција од 8.000 долари му донела повеќе од 1,3 милион долари.
Роб објаснува дека станал милионер за само шест месеци откако направил ризичен облог од 8.000 долари на криптовалутата „Shiba INU“.
Како што вели, тој почнал да тргува со криптовалути во обид да изгради подобра иднина за својот син. Почнал да се интересира за криптотокенот „Shiba INU” откако беше лансирана во август 2020 година.
„Откако прочитав за валутата, се навлеков” – вели Роб.
Со оглед на тоа што вредноста на валутата постојано растела во мај оваа година, Роб гледал како неговата инвестиција расте. Вели дека ја проверувал својата сметка секој час за да се увери дека добивката сè уште е таму.
„Доаѓам од прилично сиромашно семејство. Не можев ни да сонувам дека ќе имам толку пари”, – вели тој.
Сето ова се случи откако друг трговец стана милионер инвестирајќи во „Shiba INU”.
И покрај случаите на среќни поединци, криптовалутите се исклучително нестабилни и може да бидат неверојатно ризични за инвестирање. За разлика од другите видови инвестиции, инвестициите во криптовалутите не се регулирани, така што немате заштита доколку работите тргнат наопаку.
Една од главните грижи во врска со криптовалутите е тоа што не постои гаранција дека ќе можете да ги претворите вашите средства во готовина тогаш кога ќе ви треба.
Криптовалути
ЦРНА НЕДЕЛА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од јануари


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
Криптовалути
Нексо и Мастеркард ја претставија кредитната картичка базирана на криптовалути


Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути „Nexo” објави дека во соработка со глобалната компанија за картички „Mastercard”, во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. (more…)
Криптовалути
На што се заснова успехот на дигиталните пари?


Трета година по ред, биткоинот, како најпозната криптовалута во светот, значително ја надмина заработката што можеше да се постигне со пласирање пари во алтернативни видови инвестиции. Во 2021 година, биткоинот донесе принос од речиси 60 проценти, што е поголема заработка во споредба со рекордниот скок на цената на суровата нафта, индексите на американските или германските акции. Разликата е уште поизразена во однос на видовите средства кои претрпеа загуби минатата година, како што се американските корпоративни и државни должнички хартии од вредност, злато или сребро. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје