Connect with us

Останато

ССМ ја презентираше новата мобилна алатка за пријавување на прекршени работнички права

Објавено

на

Работниците на кои им се прекршени работничките права во државата, ќе можат да пријават преку новата мобилна апликација на Сојузот на синдикати на Македонија, „ССМ – Мои работнички права”, а пријавите веднаш потоа ќе бидат проследени до Државниот инспекторат за труд (ДИТ).

Оваа апликацијата беше презентирана денеска од страна на ССМ и ДИТ, кои воедно потпишаа и Меморандум за соработка.

Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Меморандумот има за цел унапредување на соработката меѓу овие две институции во насока на зголемување на ефикасноста и соработката во остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права, како и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права.

Исто така, целта е и обезбедување директна правна заштита при пријавување прекршени работнички права, токму преку користење на новата мобилна алатка.

Алатката е изработена со поддршка на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Според Димовски, значајно за апликацијата е тоа што истата нуди можност и за пријавување на прекршено право за себе и за друго лице, анонимно пријавување, директна комуникација со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија и следење на вести и совети од ССМ од трудовото право, т.е. да не се прекршат работничките права кои се утврдени со закон и колективен договор.

„Апликација е направена преку проектот за зајакнување на социјалниот дијалог кој заедно со МОТ, и со вакво ребрендирано делување на ССМ, е наша заложба, определба и предизвик за претстојниот период во кој ќе настојуваме на сите работници на кои им се одземени и нарушени работничките права да можат на време да пријават, а ние како ССМ да интервенираме за да не поминат роковите за жалби до Државниот инспекторат за труд, па подоцна и до судовите”, посочи Димовски.

Апликацијата е поддржана од Меѓународната организација на трудот и Европската Унија, преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно