Connect with us

Останато

ССК со признание од Светската Царинска Организација

Објавено

на

Генералниот секретар на Светската Царинска Организација Кунио Микурија, додели признание за придонес кон развојот на Царината на претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Признанието го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, во пресрет на Светскиот ден на Царината, кој традиционално секоја година се одбележува на 26 јануари.

Арсовска истакна дека ова признание е уште една потврда за успешната соработка на Сојузот на стопански комори на Македонија со институциите, каде активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови со особен акцент на дигитализација на процесите.

„Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаност на институциите при имплементирање на новите трендови е од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница. Минатата година Сојузот беше меѓу првите комори во Европа која ги дигитализираше алатките за меѓународна трговија и воведе е-Сертификат за потекло, поддржана и од Царинската управа. Подготвени сме и во иднина како Сојуз, да го поддржуваме пеоцесот на олеснување на трговијата“, изјави Арсовска и додаде дека ова признаниe е уште една потврда за Сојузот на стопански комори на Македонија кој  гради партнерства како во земјата, така и во светски рамки.

Танасоски, директор на Царинската управа истакна дека Царинската заедница повторно се здружува, обединета во одбележувањето на Меѓународниот ден на Царината.

„На овој посебен ден членките, секретаријатот и партнери на СЦО од целиот свет се посветуваат на одредена тема. Во 2020 година, под слоганот „Царина се грижи за одржливост на граѓаните, просперитетот и планетата“, Царинската заедница ќе се фокусира на придонесот на Царината кон одржлива иднина на социјалните, економските, здравствените и еколошките потреби“, рече Танасоски и додаде дека коректната соработка е од голема важност за квалитетна животна средна.

Останато

Џеф Безос продаде милион акции на Amazon за 3,1 милијарда долари

Објавено

на

Најбогатиот човек на светот, основачот на компанијата „Amazon”, Џеф Безос, во првите денови од август продаде милион акции на компанијата за 3,1 милијарди долари, објави Forbes, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Русија има нов најбогат човек – промена на врвот на листата на најбогати Руси според „Forbes“

Објавено

на

За прв пат откако „Forbes“ прави листа на најбогати Руси, на првото место е Сулејман Керимов, сопственик на компанијата за производство на злато „Полиус“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

40 компании ќе добијат ќе добијат поддршка за отворање на нова е-продавница

Објавено

на

Четириесет домашни компании ќе добијат неповратна финансиска и советодавна помош во рамки на јавниот повик од иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. Избраните апликанти ќе добијат помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно