Connect with us

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК).

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот истакна дека согласно анализата на коморите за 2018 година соработката со компаниите од слободните зони треба да се поддржува и охрабрува, бидејќи само 4% од анкетираните компании се изјасниле дека се дел од вредносните синџири на компаниите од слободните економски зони, 6% обезбедуваат одреден тип на услуга, имаат некаков вид на соработка се изјасниле 13%, 18% бараат можност за да соработуваат и многу високи 59% немаат никаква соработка и не превземаат конкретни мерки за надминување на ваквата состојба.

„Од анализата евидентно е дека 23% од компаниите остваруваат некаков вид на соработка во најголем дел на услуги и  друг вид на соработка, која не е како стратегиски добавувач. При анализа на секторската распределба на компаниите со оние од слободните економски зони, ситуацијата малку се разликува од општата слика. Оние 4% на компании, кои се дел од вредносните синџири на зоните, градежниот сектор учествува со 6%, другите сектори со 5% и земјоделскиот сектор со 3%. Сите видови на дејности обезбедуваат логистика во опсег од најниските 3% во земјоделството до највисоки 9% во туризмот. Текстилниот сектор е различен преку обезбедување на друг вид соработка со високи 32%. Одговорите на 77% од испитаните компании кои се изјасниле дека немата соработка и разгледуваат можности за соработка се рангираат највисоко и се разликуваат од сектор до сектор, од 87% во земјоделството, 83% во ИКТ, 79% во категоријата;други дејности од наведените, 76% во градежништвото, 76 % во туризмот, до 63% во текстил. Гледано од аспект на големина на компаниите, 58% од големите компании во 2018 немале никаква соработка или само ги разгледувале можностите за соработка со компаниите од слободните зони. Процентот на компаниите кои не соработуваат или кои бараат можности за соработка се движи помеѓу 78-80%. Големите компании имаат највисок процент во вредносниот синџир на компаниите од слободните економски зони со 10%, додека овој процент кај малите компании е максимално 5%. Големите компании исто така учествуваат со највисок процент на логистичка поддршка на компаниите од зоните со 10%“, истакна Зарков и додаде дека од статистичките податоци може да се заклучи дека големите компании имаат најдобра соработка со компаниите од зоните како партнери кои можат да обезбедат доставување на договорени стоки или услуги навремено и со стандарден квалитет.

Малите и средните претпријатија кои сочинуваат  99,7% од сите регистрирани претпријатија во земјата детектирано е дека имаат ограничени ресурси за соработка со компаниите во слободните економски зони. Трајан Ангелоски, член на УО во ССК појасни дека МСП немаат доволно средства за да ги следат технолошките промени што ги бараат странските инвеститори.

„Темпото на развој се забрзува, се прават напори и се креираат мерки за поддршка на државно ниво, но потребно е поголемо искористување на средства од европските фондови кои треба да се насочат, домашните компании да го подобрат технолошкиот развој и процесот на стандардизација во работењето. На домашните компании им е потребен поволен деловен амбиент и средства за да инвестираат во квантитет на производството, во поконкурентни цени и во процесот на стандардизација, бидеји најголемиот јаз помеѓу домашните и странските компании е токму слабата технолошка развиеност на домашните капацитети, стандардизација и сертификација на производството како и неконкурентните цени“, истакна Ангелоски и додаде дека унапредувањето на техничко-технолошките капацитети на компаниите е предуслов за развој на нови и постојни производи сè со цел зголемување на нивната конкурентност, извоз, како и освојување нови пазари.

ССК смета дека се очекува подобрување на состојбата во иднина во стабилен деловен амбиент, погоден за инвестирање и искористување на средства предвидени за технолошки напредок на компаниите, како и заложбите за интензивирање на соработката на новите странски инвеститори со  локални квалификувани добавувачи.

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Отварање на Наградата за социјално претприемништво 2019 по петти пат

Објавено

на

Во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој официјално по петти пат беше отворен натпреварот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво „Награда за социјално претприемништво 2019‘‘ (Social Impact Award 2019) наменето за студенти и млади од Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange