Останато
ССК и Стопанска комора на Хрватска потпишаа Меморандум за соработка

Сојузот на стопански комори на Македонија денеска потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Хрватска cо цел преземање на заеднички активности за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
Меморандумот беше потпишан во рамките на бизнис форумот кој се одржува денеска во Загреб од страна на потпретседателот на Сојузот, проф. д-р Орце Симов и Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска.
Во своето обраќање пред присутните високи претставници на хрватската и македонската влада, како и претставници на деловните мрежи од двете држави проф. д-р Симов истакна дека Хрватска е меѓу најголемите политички поддржувачи на евроинтегративниот пат на нашата држава, но сепак потенцијалот за економска соработка се уште не е доволно искористен.
„Меѓусебната економска соработка има можности значително да се зголеми, при што се отвораат можности за инвестиции во областа на индустриското производство и обновливите извори на енергија, туризмот. Постојат можности и за заеднички настап на трети пазари, заеднички инвестиции како и воспоставување на соработка на заеднички проекти финансирани од ЕУ фондовите. Земјоделските и прехранбените производи имаат голем удел во нашата трговија, поради фактот што компаниите имаат долга традиција и препознатлив квалитет и присуство на овие пазари. Во насока на поттикнување на соработката, треба да се интензивира организацијата на настани за вмрежување, преку платформи за видео комуникација, како и настани во живо. Саемските манифестации се одлична можност за поврзување и создавање нови деловни контакти, поради што сметам дека би било добро да се обезбеди државна поддршка во двете земји за настап на нашите компании во Хрватска на саеми и обратно. За развој на соработката во туристичкиот сектор би било добро да се воспостават директни летови до туристичките дестинации, а можно е и да се организираат заеднички туристички тури за туристите од подалечните дестинации“, истакна проф. д-р Симов.
Во рамките на форумот покрај потпишувањето на Меморандумот за соработка беше организирана презентација на можностите за инвестиции во нашата земја, претставниците на компаниите ги презентираа своите портфолија, а се организираа B2B средби на претставниците на деловните мрежи.
Препознавајќи ја регионалната соработка за многу значаен фактор за раст и развој на домашната економија Сојузот на стопански комори во изминатиот период активно се вклучува во регионални форуми, саеми и други настани, а е дел од регионалните иницијативи како „Отворен Балкан“ и „Зелен Навигатор“.
Останато
Пензиите ќе се зголемат за 8,4 проценти!

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти што е повеќе од очекуваното, информира премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата. (more…)
Останато
ПАНТЕЛЕОН ГС понуди 330 милиони денари со што станува потенцијален сопственик на зградата на Еуростандард Банка во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден, на третата електронска лицитација за продажба на зградата на Еуростандард Банка-во стечај како потенцијален и мошне извесен иден сопственик на имотот се јави компанијата Пантелеон ГС која понуди 330 милиони денари. Оваа понуда беше избрана за најдобра во текот на вчерашната електронска лицитација. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка