Connect with us

Останато

ССК: Зголемување на трговска размена со Италија со партнерски договор

Објавено

на

Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја  на  директни средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со цел рализација на трговски партнерства, инвестициски проекти, како и унапредување на економската соработката преку заеднички настап на трети пазари, беше истакнато на денешниот бизнис форум во организација на ССК, Институтот за социјални истражувања MK91 и Италијанската билатерална комора.  На бизнис форумот акцент беше ставен на прехрамбената индустрија, производството и дистрибуција на вино, туризам, градежништво, трговија, консултантски и медицински услуги, обновливи извори на енергија, кои  дополнително ќе придонесат за зголемување на традиционално добрите деловни релаци меѓу двете земји.

„Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на нашата земја, поточно шести надворешно трговски партнер за 2018 година, соглсно официјалните статистички податоци. Вкупната трговска размена минатата година изнесува 614 милиони евра, што е 13,3 % поголема во однос на 2017 година. Извозот во 2018 година достигна 184 милиони евра, а увозот 430 милиони евра, при што споредено со 2017 имаме пораст на извозот за 12,6%, но и пораст на увозот за 14,0%. Покрај посакуваното зајакнување на добрите деловни релации, заедно потребно е да се посветиме на  намалување на разликите во трговската размена и поттикнување на компаниите за конкретни партнерства и меѓусебна соработка. Одличните релации кои ги градиме со коморите од Италија, како квалитетино поставени канали на соработка, се во насока на охрабрување на компаниите во мисијата да пронајдат сигурни деловни партнери да го користат овие канали“, изјави Арсовска и додаде дека особено е значајно искуството на италијанските компании во реализација на поголеми инфраструктурни проекти со оглед и на фактот што како земја во овие сектори е присутна во повеќе од 90 држави во светот.

Зорица Апостолска, министер за странски инвестиции рече дека Италија е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија и перманентно се наоѓа на листата од првите десет земји со кои нашата држава има најголем обем на трговска размена и деловна соработка.

„За сите странски инвеститори и бизнисот воопшто, важна е политичката безбедност и сигурност на земјата, бидејќи тоа силно влијае врз зголемување на економските активности, на прилив на нови инвестици, намалување на невработеноста и зголемување на БДП, што конечно ќе резултира во подигнување на животниот стандард на граѓаните. Со пристапувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, Република Северна Македонија ги реализира своите стратешки приоритети и стекнува политичка безбедност и сигурност, што претставува мотивирачки предуслов за сериозен прилив на нови странски инвестиции“, изјави Апостолска.

Франческо Петрела, претседател на Македонско Италијанската Стопанска комора, посочи дека италијанските инвестиции во нашата земја во најголем дел се фокусирани во делот на ТГС технички гасови, обновливи извори на енергија, текстилна  и чевларска индустрија, но дека особен итерес кај италијанските стопанствениците има и за прехрамбена индустрија и туризам.

Во нашата земја согласно официјалните податоци работат 130 компании со италијански капитал. Сојузот на стопански комори на Македонија има потпишано меморандум за соработка со Македонско Италијанската стопанска комора во 2016 година, дополнително и со Стопанската комора на Торино, како и со канцеларијата на Конфиндустрија Италија  во Македонија, која е водечка трговска асоцијација во која членуваат преку 150 илјади компании.

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange