Connect with us

Останато

Српски хакери заработиле 70 милиони долари преку измами на интернет

Објавено

на

Во петокот, како што велат во Високиот суд во Белград, од САД пристигнал допис со барање за екстрадиција на 11 обвинети за дигитална измама, сите со живеалиште во Ниш. Сослушувањето веќе било закажано за понеделник, но било одложено за да можат адвокатите на одбраната да се запознаат и да се подготват со барањата од добиениот допис, пишува порталот „Juznevesti“.

Долго време траела дилемата дали жителите на Ниш уапсени под сомнение дека преку измама на интернет заработиле 70 милиони долари, можат да бидат екстрадирани во САД и таму да им се суди, пишува порталот и додава дека додека случајот не добие конечен епилог, дилемата нема да биде разрешена.

Меѓутоа, од Америка стигнала молба за екстрадиција со што се покажа дека тоа е можно. Таа била примена во судот во петокот на 18.09.2020 година пред крајот на работното време и во истиот ден било закажано сослушување за понеделник на 21.09.2020 година во 12 часот, велат од судот за порталот „Juznevesti“.

Сепак, рочиштето, на барање на одбраната било одложено, а се додава дека на уапсените им е одреден притвор. Наредното сослушување е закажано за 30 септември во девет часот.

Меѓу уапсените има и државјани на Црна Гора, Филипини и Австрија, сите со живеалиште во Ниш. Тие биле уапсени кон крајот на јули заради кривично дело измама преку интернет, со што заработиле 70 милиони долари. Меѓу измамените бил и еден државјанин на Тексас, па во целиот случај се вмешало и американското судство и ФБИ, кои асистирале во акцијата за апсење.

 

На уапсените сега им се заканува екстрадиција во САД, каде би се одвивал целиот процес, а според адвокатите, нивните човекови права би биле загрозени во Америка и затоа е барањето да им се суди во Србија.

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно